52b902b0aad5900b74af9e4bcdcfda44.ppt
- Количество слайдов: 16
Здружение „Емоционално здраво детство“ - Скопје „КАКО ДО ЗДРАВО И КВАЛИТЕТНО (ПОСТ-РАЗВОДНО) РОДИТЕЛСТВО“ Презентација за јавната дискусија на 28 јануари 2016, хотел „Континентал“ - Скопје
Организација § Се сретнувавме по ходници. § На почетокот делувавме стихијно, неорганизирано, нерегистрирани како организација. § Здружението постои седум години, имаше активен период од четири год. § Речиси сите `спорни` случаи кои се решаваа во Центарот во Скопје се обраќаа и до Здружението. Се јавуваат и од другите градови и од надвор. § Не решаваме поединечни случаи. § Се занимаваме само со системски решенија. § Имаме поддршка од сите освен од ресорните државни службеници. § Здружението е во мирување три год. и чека милост, одговори и конкретни мерки. http: //sanechildhood. org
Проблеми што ги имаме • Центарот за социјални работи, наместо да ги разгледува случаите индивидуално, за секое дете посебно, постапува по (бездарно) клише на следниов начин: Ø никогаш не предложил еднакво родителство по развод. Ø во христијанските семејства после развод децата речиси секогаш ги дава на мајката, без разлика каква е, а на татковците им го ограничува видувањето од 4 -100 часа месечно, со паушално одредување. Ø во муслиманските семејства после развод децата речиси секогаш одат кај таткото, особено машките, без разлика каков е, а на мајките гледањето им е многу ограничено. Ø припишува ригиден и ограничен контакт Ø количеството и начинот на видување, што сега масовно го припишуваат центрите, според науката и стручните мислења, е недоволно и неповолно за правилен развој на детето. Ø Водат `парнична постапка`, без пропишани правила и без да ги дадат на увид исказите и документите од другата страна, работат само по сопствено видување и со готово решение излегуваат пред судот. • Законот за семејството не дозволува она што е најдобро за детето - два родитела по развод. Не дозволува ни кога детето тоа го сака, ниту кога родителите така ќе се договорот. Поради член 80, судот во бројни случаи не може да донесе одлука што е во најдобар интерес за детето.
Проблеми што ги имаме (2) - продолжение - • • Желбата, интересите и правата на детето речиси никој не ги почитува ниту ги зема предвид. Нема кој да ги застапува интересите на децата. Освен автентичното и дискреционо право на Центрите да решаваат за туѓи судбини, ништо друго не е регулирано. Решенијата се донесуваат паушално и сите личат едно на друго. Законот за семејството стимулира разводи, содржи само јавни овластувања и речиси никакви брачни и семејни вредности, освен некои декоративни одредби. Меѓународните конвенции и научните вредности не се доследно транспонирани и имплементирани, на штета на децата и семејствата. Има недоречености во законите, слабости на институциите и без правна заштита на децата од игрите на возрасните. Центрите инсистираат на нешто во пракса најчесто не функционира. Како меѓусебна спогодба на родителите. Лажни пријави за насилство и монтирани судски процеси
Проблеми што ги имаме (3) - продолжение - • Законот наметнува долги и неизвесни управни и судски постапки, повторно на штета на децата. • Законот не признава емоционална врска и родителство. • Законот дозволува со леснотија дете да биде изнесено од земјава и од неговиот дом. • Надлежните лица не се запознаени со материјалите од експертите и оваа граѓанската иницијатива за децата или немаат забелешки, а пак не ги почитуваат ниту спроведуваат. • Надлежните лица своето мислење не го даваат во писмена форма. • Секторот за социјална заштита во МТСП ги игнорира сите: владата, претседателот, педесетина институции, стотина експерти, здружението и проблемите на децата. • Човековите права на децата наместо во закон, се ставаат во методолошки упатства и интерни акти. • РМ ги толерира несовесните мајки на штета на децата. (и семејствата) • Наместо да се санкционираат несовесните родители, (ин)директно се санкционираат децата, и тоа масовно.
Проблеми што ги имаме (4) - продолжение - • • • Нема заштита од психичко вознемирување во домот и семејството. Се стигматизираат совесните татковци. Центрите, министерството и судовите вршат глобално етикетирање на татковците како полоши родители од мајките. Студијата покажува поинакви резултати. Мајките и институциите, после развод, ги оставаат децата без татковство. Таткото е маргинализиран и ставен на последно место, ставен во неповолна положба во однос на сите други, и се претставува како најмалку битен за детето. Видувањето на сопственото дете е условено од волјата на мајката и центарот за социјални работи. Центрите навлегуваат во приватноста и семејните односи на таткото со детето, а немаат такво право. Центрите ги ставаат децата во „Своевиден домашен притвор“. Има дискриминација и родова нееднаквост Институциите само ја влошуваат и онака тешката состојба на разводот. Институциите ги кршат природните законитости, ги кршат конвенциите, законите и сопствените акти, вршат институционално насилство врз децата. Многу други проблеми откриени со истражувањето и наведени во нашите документи.
Истражување • Контакт и соработка со преку сто стручни лица и исто толку организации од областа на психологијата, педагогијата, психотерапијата, социологијата, социјалата, педијатрија, психијатрија, семејна медицина, правото, надлежни институции и граѓанскиот сектор. • Докторски дисертации, магистерски тези, научни трудови, стручни мислења. Домашни и странски. • Десетина домашни закони и толку меѓународни конвенции. Адвокатски застапувања. • Лични примери, интервјуа и анкети. • Анализи, компаративни студии и сл.
Иницијативата „Како до здраво и квалитетно пост-разводно родителство“ Има седум модула: • Прв модул - Контакт и комуникација на дете со физички одвоениот родител • Втор модул - Методологија за распределба, кај кого детето после развод • Трет модул - Заштита од злоупотреба на родителска и законска улога и моќ и заштита од душевно, психички, ментално, емоционално, социјално и институционално злоставување или дискриминирање на децата. • Четврт (сеопфатен) модул– umbrella (ги опфаќа и ги поврзува сите модули) - Транспозиција на меѓународните акти за правата на детето и заштита од семејно насилство (втемелување во домашни прописи) • Петти модул - Имплементација на прописите во пракса (практична примена) • Шести модул - Развој на капацитетите за социјална работа, меѓудругото за тие да работат на развој на свеста за важноста на родителството. • Седми модул - Услови за функционален брак и семејство, намалување на разводи и квалитетна меѓуродителска (послеразводна) комуникација. Размислувавме за уште три нови модули: Социјална политика, (Семеен) Правосуден систем, и Издршка.
Примери Ø Истражувањето во Белгија укажува на 69, 5% родителска определба за рамновремено родителство, а во Холандија на 71%. Ø Во член 4 став 1 од Законот за општата управна постапка се вели дека во Управните постапки, органите треба да се придржуваат до ратификуваните меѓународни договори. Поред фактот што член 118 од Уставот го кажува истото. Тоа значи дека Член 9 од Конвенцијата за правата на детето треба да се применува и никој нема право да го одвои детето од родител против негова волја, контактот со физички одвоениот родител треба да му биде на постојана основа, ограничување на видувањето може да направи само судот, не центрите, само ако се докаже на суд дека е тоа во најдобар интерес на детето. Ø Македонија нема Детски правобранител
Актуелни материјали • • • • • Концептот и образложението за иницијативата Првиот модул и појаснување 2, 3, 4 и 7 модул 35 стручни мислења Поддршки во писмена форма Адвокатските застапувања - две Две претставки за дискриминација Иницијатива за еднакви родови можности Аналитички поглед кон Законот за семејството Социјални насилства Информација за јавноста Стории од реалноста Есеј „Лов на Вештери“ Предлог Правилник за контакт на дете со физички одвоениот родител Предлог Правилник за формата и содржината на решенијата и мислењата што ги издаваат Центрите Предлог Измени на Законот за семејството Предлози за новиот Закон за детска правда Предлози за Законот за заштита од семејно насилство Други иницијативи за здраво детство и семејство, ургентни писма. . .
План / Крајна цел • • • Децата на разведени родители да ги ослободиме од домашен притвор. Детето да си биде во слободен контакт со двата (здрави) родитела, затоа што така е најдобро за него. Интересите и правата на децата да бидат опфатени со законски одредби, за да бидат заштитени и независни од милоста на возрасните. Да ги извадиме есенциите од науката, стручните мислења, конвенции и литератури, и да ги направиме правосилни. Кога се ставени во закон, тие важат за сите: родителите, центрите, второстепеното решавање, други субјекти и судовите. • • Да ги заштитиме децата (на разведени родители) од игрите на возрасните, недореченостите во законите и слабостите на институциите. Превентивно да ги заштитиме децата, од душевно болни, психопати, садисти, крајни зависници и алкохоличари, родители со тешки невротски нарушувања, патолошки нарциси, луѓе кои наоѓаат задоволство во нечие страдање и други категории неразбрани родители, воспитувачи, старатели и службеници, со конкретни, јасни и недвосмислени законски одредби. После развод, детето да се смести како е најдобро за него. Подигање на свеста за значењето на семејството како основна клетка на живеење, преку законски одредби.
Приоритети • • Центрите да ги применуваат новите практики без измена на законот. Да се смени Законот во член 80 и да дозволи еднакво, заедничко односно споделено родителство во случаи кога тоа е во најдобар интерес за детето, проценето од судот или центарот, родителите така се спогодат и/или детето така сака. Да се изманат и/или донесат три или четири нови Закона во кои ќе се предвиди: - правна заштита на семејството - заштита од семејни дисфункции - заштита од мобинг и вознемирување во семејството и домот Да се донесат соодветни подзаконски акти Да се предвидат критериуми, општи и посебни услови. . . Да се смени Законот за семејството особено членот 2, да престане да стимулира семејни трагедии и да дефинира семејни вредности. Заедничко и рамновремено родителство се поразбира после развод, освен. . .
ТЕКОВНО Ø Ø Ø Ø Ø Иницијативата е во поодмината фаза и чека (милост). Децата додека го чекаат мислењето и мерките од ресорните лица, израснаа со еден (маргинализиран) родител. Ние, пет години чекаме работни состаноци. МТСП посвети малку внимание само на првиот модул. Го прифати и не го спроведе. Има Заклучок на Владата, неколку години бара формирање на работна група и предлози. Секторот за родова еднаквост одбива. Комисијата за заштита од дискриминација не реагира. Надлежните институции игнорираат и малтретираат со цел да се откажеме од татковството. Во 2010 Заводот за социјални дејности донесе „Стандардни процедури за постапување. . . “ и пак се остана исто. На 25 јуни 2012 имаше тркалезна маса на тема „Остварување на правото на детето да одржува контакти со родителот. . . “, организирана од Народниот правобранител и Холандската амбасада. Немаме примерок од записникот, ниту спроведеното. Министерот тогаш најави уредување на односот дете-родител во разведени бракови, но други работи беа поважни. . . Во националниот план за правата на децата 2005 -2015, стратешка цел 3 на МТСП се вели „Намалување на штетните последици на разведените бракови врз децата. “ Немаме информација што е направено. Напредок има на едно место: „Испуштеното видување се надоместува“. . . , за жал ако мајката тоа го дозволи. Резолуција 2079 (2015) на советот на Европа за “Equality and shared parental responsibility” како некој да не сака да се исползува во интерес на децата. Постои The International Council on Shared Parenting (ICSP), нашиве и нив не ги есапат. Интересот на надлежните институции досега беше само декларативен, во суштина ништо не почитуваат, ни деца, ни родители, ни семејство, ни закони, ни конвенции, ни наука, ни право, ни здравје, ни психологија, ни социјален момент. . . Сите овие материјали се на располагање и дел од нив може да се најдат на порталот на Здружението. http: //sanechildhood. org Слободно користете ги и побарајте други. Доколку некој сака, сите материјали ќе му ги доставиме на компактен диск или по друг електронски пат (USB, e-mail).
Ви се заблагодаруваме на вниманието. Повелете придружете се на организацијата/здружението, или било како поддржете ја иницијативата. Ние се гледаме како ваш партнер. Повелете со прашања. . .


