
5cecb27a517b937abf42a09c076e5248.ppt
- Количество слайдов: 8
ЗАСЛУГИ НА ХЕМИЈАТА И ТЕХНОЛОГИЈАТА ЗА ДОСТИГАЊАТА НА ПОЛЕТО НА: III. 1. Справување со болки и воспаленија Морфиум Се користи од почетокот на 1800 -тите за намалување на чувството на болка, а се екстрахирал од суровиот опиум. Унгарскиот фармацевт Janos Kabay во 1920 -тите почнал да го добива не само од суровите чушки на афионот, туку и од исушените афионови стебленца и предизвикал револуција во производството на морфиум. Во 1923 била испитувана неговата хемиска структура со цел да се синтетизира сличен силен аналгетик, ама кој не создава зависност и не предизвикува депресија на респираторниот систем. Сознанието како екстрактот од природно потекло дејствува во организмот на човекот овозможило да се добие синтетична верзија на морфиумот, а потоа и уште посигурни лекови како што се налорфинот и налоксонот во 1961. Ацетилсалицилна киселина Гробот на Janos Kabay во Будимпешта, Унгарија Аспирин Од 1890 се произведува салицилна киселина, евтино и ефикасно средство за смирување на воспалението при ревматски артритис. Меѓутоа оваа киселина предизвикувала непожелните ефекти како гадење, повраќање и гастритични тегоби. Во 1897 германскиот хемичар Felix Hoffmann од фирмата Bayer синтетизирал ацетилсалицилна киселина (познатиот аспирин). Фармаколошки таа била тестирана од Heinrich Dreser. Со производство се почнало во 1899, а првите пилули биле продадени во 1900. Поради тоа што има помалку непожелни својства, аспиринот станал многу популарен, а и денес се произведува во големи количества. Аспиринот е првиот лек воопшто се произведува во индустриски размери. Долго време тој се користел како лек против главоболка, а од средината на 1980 -тите биле утврдени и неговите превентивни својства против срцев удар. Кортизон Во 1940 при испитување на адреналната жлезда на мозочната кора, било утврдено дека некои природни хормони (познати и како стероиди) имаат и антиинфламаторни својства. Кортизонот во 1936 бил изолиран од природни извори, а во 1948 Американецот Lewis Hastings Sarett го произвел и синтетички. Поради чудотворното дејство врз ревматскиот артритис, веќе во наредната година се произведувал комерцијално. Клиничките испитувања што следеле покажале дека тој не го лекува артритисот, па и дека има редица непожелни ефекти. Сепак кортизонот продолжил да се користи, ама за лекување на астма и алергии. Со натамошно усовршување на синтезата на стероиди биле добиени преднизон, преднизолон и дексаметазон, кои се подобри антиинфламаторни агенси и имаат помалку непожелни ефекти. Lewis Hastings Sarett Деформитети предизвикани со воспаленија на зглобовите
III. ЗДРАВЈЕ И МЕДИЦИНА III. 2. Психотерапевтски агенси Хлорпромазинот (торазин, хибернал) за првпат бил употребен во 1954 како лек против шизофренија. Претходно тој бил создаден како антихистамински антиалергетик. Новата терапија се покажала извонредно ефикасна и станала предвесник на модерната ера на антипсихотичка терапија. Многу бргу лекувањето на ментални заболувања со лекови ги потиснало претходно користените методи како што се електрошокови, инсулински шокови, префронтална лоботомија (хируршка постапка со која се прекинува врската меѓу префронталните хемисфери) и помогнало ширум светот да се намали сместувањето во специјални институции. Со натамошни испитувања бил расветлен фармаколошкиот механизам на хлорпромазинот, што послужило како основа за развој на многу други антипсихотички лекови, на пример халоперидол и оланзапин. Слики од филмот Лет над кукавичкото гнездо (1975), во кој се портретираат катастрофалните ефекти на менталните заболувања Напад на депресија по породување Трициклични антидепресанти Во 1958 со клинички испитувања на имипраминот, лек примарно наменет како антипсихотик, биле утврдени и неговите антидепресивни својства. Било утврдено дека во мозокот тој ги активира невротрансмитерите (агенси што ја стимулираат трансмисијата). Многу други лекови од оваа класа, добиени подоцна, се означуваат групно како „трициклични” антидепресанти. Тие потоа станале стандардни лекови за терапија на ова заболување. Бензодиазепини Во 1959 со воведувањето на хлордиазепоксидот (либриум) била лансирана ефикасна нова класа антианксиозни агенси, бензодиазепини. Овој лек и неговите деривати што дополнително биле откриени, многу брзо ги истиснале барбитуратите и мепробаматот (откриен во 1950) кој пред тоа се користел, но не бил толку успешен анксиолитски агенс. Бензодиазепините се сметале за најуспешни лекови во своето време. Со високата толерантност и сигурност тие се покажале успешни и како хипнотички агенси, како релаксанти на мускулите, но и како лек за епилепсија. Неуротрансмитери во мозокот
III. ЗДРАВЈЕ И МЕДИЦИНА III. 3. Хормони и регулатори на хормоните Инсулинот, протеински хормон што го создаваат специјални клетки во панкреасот, го регулира нивото на шеќер (глукоза) во крвта на организмите. Недостигот на инсулин предизвикува појава на дијабетес 1, шеќерна болест, која до почетокот на 1920 тите се сметала за смртоносна. Двајца млади канадски лекари, Frederick Banting и Charles H. Best, во 1921 изолирале и пречистиле нов препарат од панкреасот на говедата, кој се внесувал со инјекции. Прв пациент им било 14 -годишно момче, отпуштено како неизлечиво по неколкунеделно неуспешно лекување во болница. Во 1922 инсулин од панкреас на говедата почнала да произведува фирмата Eli Lilly and Company. Во 1982 со помош на рекомбинирачка ДНК технологија бил добиен првиот инсулин од хумани извори. Frederick Banting и Charles H. Best Тестостеронот е одговорен за развојот на машките сексуални органи и машките секундарни карактеристики. Тоа е стероиден хормон, по структурата сличен на холестеролот. Во 1935 од холестерол прв пат бил синтетизиран тестостерон за лекување на хормонална дефициенција. Тестостеронот може да се добие со хемиска и микробиолошка модификација на материјали што веќе ги има во природата. Прогестини, естрогени и орални средства за контрацепција Во 1930 -тите од природни суровини (урина од бремени кобили и од мексикански слатки корени) биле изолирани, а потоа и произведувани, два женски хормона. За лутеалниот хормон прогестерон (претставник на прогестините) било утврдено дека ја овозможува и поддржува бременоста, додека фоликуларните хормони естрогени влијаат врз менструалниот циклус. Во 1950 -тите биле произведени синтетични верзии на овие хормони, а било истражено и нивното влијание врз хуманата концепција и бременост. Нивните извонредни контрацептивни својства довеле до усовршување на орални средства за контрацепција (антибеби пилули) кај жените. Еновид, продаван во САД од 1960, бил прва пилула што содржи смеса од естрогени и прогестини, со што се постига максимална ефикасност. III. 4. Гастро-интестинални агенси Лекување на чир на желудникот Во 1972 шкотскиот фармаколог James Black со колегите од фирмата Smith, Kline & French, проникнал во појавата на прекумерно создавање киселини во стомакот. Ваквите фармацевтски испитувања денес се означуваат како рационално создавање на лекови. Веќе во 1976 го добиле лекот циметидин (тагамет), кој со минимум непожелни ефекти го инхибира излачувањето на гастритични киселини и масовно се користи за лекување гастритични чирови. Со тоа драматично се намалиле хируршките интервенции. Наскоро тагаметот станал најчесто пропишуван лек. Чир на желудникот
III. ЗДРАВЈЕ И МЕДИЦИНА III. 5. Медицински испитувања и дијагностицирање на заболувањата Технологии за снимање во медицината Многу мерни техники (рендгенски апарати, магнетна резонанца, скенерите и други), во времето кога се појавиле биле ценети како револуционерни дострели, а денес се само дел од рутинската постапка на медицинската дијагностика и лекување. Така во 1895 германскиот физичар Wilhelm Konrad Roentgen, првпат снимил коски, а веќе во 1900 секоја голема болница располагала со рендген апарат. Во 1970 -тите постапката нуклеарна магнетна резонанца (NMR) се користела за утврдување на структурата на супстанции, а во 1985 и во хуманата медицина било одобрено користењето скенери за снимање со магнетна резонанца. Со хемиските агенси за постигање контраст и специјалните емулзии за филм се усовршила дијагностичката вредност на рендгенските зраци во скенерите за компјутерска томографија (CT, тридимензионално рендгенско снимање), магнетната резонанца и ултразвучното снимање. Рендгенска снимка на шаката на сопругата на пронаоѓачот на рендгенските зраци Изотопи во медицината Употребата на изотопи во медицината многу помогнала за определување на функцијата на внатрешните органи, благодарејќи на пионерските заслуги на Georg Hevesy, Унгарец, добитник на Нобеловата награда (1943). Со помош на радиоактивни нуклиди тој во 1935 го определил механизмот на метаболизмот на фосфорот. Соединенијата се маркираат со нивни радиоактивни изотопи (како што се технециум-99 m и талиум-201) или со радиоконтрастни средства (како што се соединенијата на бариумот и јодот). Потоа со камери за детекција на гама-зраци се следи патот на радиомаркираните соединенија и се добиваат корисни снимки на органите во кои стигнале радиоизотопите. Примената на изотопи во медицинската дијагностика овозможува откривање на тумори, на заболувања на црниот дроб, како и користење стрес-тестови за утврдување на функцијата на срцето. Развој на хемиските анализи Состојбата на организмот денес се утврдува со помош на маркери на болеста или на траги од лекови, кои со хемиска анализа може да се утврдат во крвта, урината, изметот, лигите или во потта. Испитувањата базирани на мерење на некои основни хемиски реакции се вршат во лабораторија (со софистицирани компјутеризирани аналитички инструменти), но и во домот. Во почетокот на XIX век дијагностицирањето се базирало врз набљудување на клинички симптоми. Ако кај пациентот бил утврден позитивен резултат по третман специфичен за дадена болест, тогаш се заклучувало дека тој мора да е болен од таа болест. Дијагностичко испитување било воведено во 1882, кога Paul Ehrlich утврдил дека доказ за дијагностицирање на тифусна треска е присуството на бацилот на тифус (што се идентификува со тест на специфично обојување). Пред тоа дијагнозата се поставувала врз основа на бојата на кожата на пациентот. Еволуција на личен мониторинг Со развојот на едноставни тестови што можат да се вршат во домот било овозможено самопрегледување (секој може да си го провери здравјето). Порано пациентите со дијабетес морале да одат во лабораторија за да се утврди дали во урината имаат шеќер. Во 1941 Miles Laboratories откриле тест за утврдување на шеќер во урината во домашни услови. По многу тешкотии во развојот, конечно во 1956 било можно да се применува тестот dip-and-read (нурни индикатор во урината и прочитај). Во 1960 -тите бил воведен првиот портабл (батериски) мерач на глукоза во крвта. Со помош на хемиски стапчиња можело да се докажува глукозата и значително се подобрил квалитетот на живот на болните од дијабетес. Во 1970 -тите и во 1980 -тите биле лансирани комплети за дијагностицирање во домашни услови на крв во изметот, на овулација, на бременост и на стрептококи.
III. ЗДРАВЈЕ И МЕДИЦИНА III. 6. Лекови против инфекции Салварзан и пронтозил Германскиот бактериолог Paul Ehrlich ги испитувал антибактериските својства на соединенијата на арсенот и во 1909 го создал лекот салварзан, со кој успешно се лекува сифилисот - смртоносна сексуално пренослива болест. И други истражувачи се обидувале да најдат активни соединенија за лекување на заразни болести. Пронтозил, што пред тоа се користел како боја за текстил, во 1932 станал првиот сулфа(нилен) лек. Тоа е лек против смртоносната инфекција со бактериите стрептококи, чест предизвикувач на хронична пневмонија. Откритието било толку важно што германскиот биохемичар Gerhard Domagk во 1939 година ја добил Нобеловата награда за медицина. Отпосле било утврдено дека активната антибактериска компонента на пронтозилот е сулфаниламид. Натаму од овој агенс биле создадени многу други антибиотици, вклучувајќи го и сулфапиридинот (1938). Во 1940 -тите сулфа-лековите биле екстремно успешни во редуцирање на смртноста од лоберна пневмонија и спасиле животи на милиони. Нивната важност почнала да опаѓа со навлегувањето во ерата на пеницилин. Alexander Fleming Penicillium notatum Gerhard Domagk Бактерија стрептокок Prontosil Пеницилин Во 1928 шкотскиот бактериолог Alexander Fleming открил моќна супстанција што може да убива бактерии, а ја изолирал од природната мувла (Penicillium notatum). Пеницилинот, лек базиран на оваа природна супстанција, бил создаден во време на масовните воени операции во 1943 и драматично ја намалил појавата на инфекции и ампутации меѓу повредените во армиите на САД и Велика Британија за време на Втората светска војна. Меѓутоа, природниот пеницилин бил толку редок и скап, што дури и бил рециклиран од урината на пациентите лекувани со него. Хемичарите си поставиле задача да откријат постапка за синтеза на супстанцијата од која се добива лекот. Откако во 1940 -тите британскиот истражувач Dorothy Crowfoot Hodgkin ја утврдил хемиската градба на пеницилинот, било овозможено тој и да се синтетизира. Веќе во 1957 неколку фармацевтски компании синтетизирале и комерцијално произведувале пеницилин. Со нивниот успех започнала модерната ера на терапија со антибиотици. Зидовудин (AZT Во 1987 зидовудинот (AZT) бил одобрен во САД за лекување на инфекции со вирус на имунодефициенција (HIV). AZT првпат бил синтетизиран во 1964 како лек за канцер, но не се покажал ефикасен во хемотерапијата и бил отфрлен. Во 1986 група истражувачи во САД ја откриле неговата активност при лекување на ретровируси. AZT и сличните нуклеозидни лекови напаѓаат специфични ензими на вирусот и го инхибираат неговото размножување. Кај AZT за првпат било утврдено брзо настанување на резистентност спрема на HIV лековите, па оваа болест веќе не се лекува само со еден лек (т. н. mono-drug therapy). Кристали на зидовулин Zidovudine
III. ЗДРАВЈЕ И МЕДИЦИНА III. 7. Третирање на кардиоваскуларни проблеми Регулирање на работата на срцето Во 1930 -тите била откриена способноста на локалниот анестетик прокаин да го регулира отчукувањето на срцето (наречено и анти -аритмичка активност). Овој вид фармацевтски третман е сложен и може да биде многу тежок поради тоа што лековите што ја блокираат аритмијата можат во некои услови и да ја предизвикаат. Прокаинот бил прв од многуте лекови што биле одобрени за ваква намена. Тој ги инхибира клеточните мембрански протеини познати како натриумски канали. По прокаинот биле усовршени и други лекови, вклучувајќи ги и бета-блокаторите и калиум или калциум каналните антагонисти. Лекување на оштетувања на срцето За лекување на оштетувањата на срцето со векови биле користени digitalis glycosides, група соединенија што се среќаваат во повеќе растенија. Откако со истражувања било утврдено дека тие ја засилуваат енергичноста на контракциите на срцето, од лисјата на волнест дигиталис (digitalis lanata) бил екстрахиран дигоксин, а во 1954 и бил одобрен за лекување на преткоморни фибрилации и насобрани оштетувања на срцето. Исто така било утврдено дека некои лекови против висок притисок можат да се употребуваат и за лекување на оштетувањата на срцето. Разбивање на згрутчувања на крвта Во 1935 хепарин, продукт од црниот дроб на некои животни, првпат бил употребен за спречување на згрутчување на крвта, тромбоза, при трансфузија. Наскоро станал најчесто користен антикоагулант (наречен и „разредувач на крвта”). Тој исто така го спречувал згрутчувањето на крвта при хируршки зафати на срцето и на артериите. Во 1955 бил одобрен за употреба вафарин (coumadin), антикоагулант што спречува срцеви удари, а се користи за нивно лекување и против тромбоза. Во 1970 -тите било откриено дека и кога ќе се создадат згрутчувања, тие можат да се лекуваат со тромболитици. Користењето ензими за разбивање/ растворање на згрутчувања на крвта придонело да се добијат и лековите урокиназа (1977), стрептокиназа (1978), и со генетско инженерство рекомбиниран плазминоген активатор на ткиво, TPA (1987). Артериосклероза Регулирање на нивото на холестерол во крвта Создавањето наслаги од холестерол во артериите (артериосклероза) е најчеста причина за коронарни заболувања на срцето и за удари. Во 1987 бил одобрен за употреба ловастатинот (мевакор), кој го контролира нивото на холестерол во крвта (хиполипемска активност), така што ги инхибира критичките ензими да не се претворат во мевалонат, прв и ограничувачки степен на биосинтеза на холестерол. Со натамошниот развој биле добиени уште посилни лекови, на пример симвастатин и аторвастатин, кои го револуционизирале лекувањето на вишок липиди во крвта (хиперлипидемија), бидејќи се многу ефикасни, но ја имаат и потребната толерантност.
III. ЗДРАВЈЕ И МЕДИЦИНА III. 8. Хемотерапија на канцер Развој на хемотерапијата на канцер Во 1942 започнало користењето хемикалии за лекување на канцер, канцер-хемотерапија. Louis S. Goodman и Alfred Gilman започнале со клиничка употреба на азотни алкилирачки агенси, наменети за воени отрови (nitrogen mustards). Биле развиени и лекови што ја блокираат фолната киселина (антиметаболити). Аминоптеринот (1947) бил ефикасен при лекување на леукемија, но поради негативното влијание врз белите крвни зрна брзо бил заменет со метотрексат. Во 1950 -тите, George Hitchings и Charles Heidelberger развиле антиметаболитички меркаптопурин за лекување леукемија и флуороурацил за лекување гастроинтестинални тумори на дојката. Цитотоксични лекови Во 1963 од растенија биле изолирани и првпат воведени во хемотерапијата цитотоксични лекови (лекови што се отровни за клетките). Овие анти-канцер лекови функционираат така што брзо ги уништуваат канцерозните клетки, кои се поосетливи на нападот на цитостатските лекови. Некои варијации користат винка алкалоиди (винкристин и винбластин) изолирани од зимзелени растенија и подафилотоксин изолиран во 1970 од корен на диво јаболко. Во 1971 од пацифичка тиса бил изолиран таксол, кој во почетокот на 1990 -тите бил усовршен за лекување на напредна фаза на канцер на дојката. Тамоксифен, хемикалија синтетизирана во 1971, во 1977 бил воведен во лекувањето на канцер на дојката поради тоа што го забавува растењето на тумори осетливи на естроген. Високото ниво на естроген го забрзува растењето на ткивото на градата, така што овој вид хемотерапија ги блокира природните хормони што би го стимулирале развивањето на клетки на канцерот. Мегестрол е синтетски дериват на природниот стероиден хормон, прогестерон, кој функционира на сличен начин и се користи за лекување на повторен канцер на дојката. Мамографска слика на канцер на дојка Со самопреглед до рано откривање на тумор на дојка
III. ЗДРАВЈЕ И МЕДИЦИНА III. 9. Нови материјали во медицината Вештачки органи и други медицински уреди Со помош на хемијата се добиени модерните вештачки органи (залистоци, зглобови и др. ), контактни леќи и апаратчиња за слушање, како и биоматеријали добиени од специјализирана пластика и други high-tech материјали. Со модифицирање на молекулите, но и со создавање нови молекули, хемичарите и инженерите развиле нови материјали за медицината, кои се цврсти, флексибилни и трајни. Примери за вакви постигања се вештачкиот бубрег (1945), вештачки залистоци за срцето (1950 -тите) и хируршкото вградување на перманентно вештачко срце (1982). Пластични контактни леќи се воведени во 1956, а меки бифокални контактни леќи биле подобрени во 1985. Вештачки срцеви залистоци Вештачко срце Медицинска опрема Со помош на хемијата се добиваат речиси сите пластични и винилни медицински направи што се користат во денешните болници и клиники. Денешната медицинска опрема мора да биде доволно трајна за секојдневна употреба и за обезбедување чиста и стерилна работна средина. Многу рутински медицински процеси користат најсовремена дијагностичка опрема, стетоскопи, завои и други нови ткаенини, шприцеви, хируршки инструменти, ќесиња со крв и други пластични производи добиени со помош на хемијата. Дури и пелените содржат хигроскопни полимери што спречуваат да се иритира осетливата кожа на бебињата. Средства за дезинфекција и белење Со помош на хемијата се одржува хигиената во живеалиштата, се отстранува мувла и дамки. Во почетокот на 1900 -тите хемичарите барале начини за ефикасно отстранување на бактериите, за перење алишта и за чистење на површините во домот. Во 1913 истражувачите формулирале евтино и едноставно за користење средство за белење. Денес белилото хипохлорит е дел од течните средства со кои ефикасно се врши дезинфекција и се елиминираат милијардите паразити и микроорганизми. И хлорот е силно оружје против вируси и бактерии во домот, болниците и други установи. Ignatius Semmelweis, унгарски гинеколог, во 1847 прв вовел миење на рацете со хлор во својата амбуланта.