6fe1f9032bfe3fc75245764b43be9fb0.ppt
- Количество слайдов: 27
КРИТЕРИУМИ ЗА ПРИВРЕМЕНА СПРЕЧЕНОСТ ЗА РАБОТА Д-р Јасминка Трајкоска-Спасовска, Д-р Љубинка Анастасова Д-р Силвана Андов и Д-р Весна Ефремова-Стефаноска
ПРИЧИНИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОСТОЕЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ - Од март 2006 година за прв пат започна применувањето на Критериуми за дијагностички постапки и оцена за привремена спреченост за работа - При контрола на боледувањата констатирани се бројни неправилности и злоупотреби - Направена е компаративна анализа на боледувањата во Р. Македонија со земјите од регионот и Европа. 2
ПРИЧИНИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОСТОЕЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ • Во Македонија најбројни корисници на правото на боледување се лицата од 25 до 35 годишна возраст, а кои би требало најмалку да го користат ова право 3
ПРИЧИНИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОСТОЕЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ Приказ на процент на осигуренички користеле надоместок за боледување пред отворањето на породилното и надоместоци за нега на член што се отворени веднаш по затворањето на породилното отсуство. Патолошка бременост како % од вкупно породилни 24, 40% Нега на дете како % од вкупно породилни 23, 60% Двете права како % од вкупно породилни 7, 18% 4
ПРИЧИНИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОСТОЕЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ • Од приказот се забележува дека бројот на доделените права за боледувања во Република Македонија во период од 5 години зголемен е за повеќе од двојно. 5
ПРИЧИНИ ЗА ПРОМЕНА НА ПОСТОЕЧКИТЕ КРИТЕРИУМИ • Од приказот се забележува дека исплатените средства за боледување се зголемени за 75% во период од 2006 година до 2010 година. Наместо средствата да се користат за подобрување на квалитетот на здравствените услуги во земјата истите се користат за финансирање на лица кои неоправдано користат надоместок за боледување 6
ВИСИНА НА НАДОМЕСТОК ЗА БОЛЕДУВАЊА Земја Германија • Во споредба со земјите од регионот и пошироко, Македонија е една од земјите која имаше највисоки надоместоци за боледување Висина на надоместок во однос на плата 70% Франција 50%-66% Холандија 70% Белгија 60% Данска од 4 до 8 недела 50%, од 8 недела до 1 година 30% Италија 50% (20% доколку осигуреникот е хоспитализиран) Австрија 50% Шведска 80% Словенија 80%-90% Хрватска 70% Србија 65% Црна Гора 70% 7
ВОВЕД ВО НОВИТЕ КРИТЕРИУМИ • Направена е ревизија и измена со намалување на дијагностичките постапки со цел да се олесни постапката за издавање на боледување. Притоа беа консултирани избрани лекари, специјалисти и субспецијалисти од: - Лекарска комора на Македонија - Здружение на приватни лекари - Здружение на гинеколози - Универзитетски клиники - Институт за медицина на труд • Во ноември 2011 година, Новите Критериуми беа ставени на јавна расправа на веб сајтот на ФЗОМ. 8
ВОВЕД ВО НОВИТЕ КРИТЕРИУМИ • Регулирана постапката при издавање на боледување - Основ за отворање на боледување - Дефинирање на боледување при постоење на повеќе шифри на дијагнози -Постапка за отворање на боледување при менување на работната дијагноза • Регулирана постапка за издавање боледување за нега на деца до 14 години - ИСР образецот до 14 годишна возраст издава избран лекар на детето - Критериумот е запазен доколку прегледот е направен од педијатар (СЗЗ, ТЗЗ) - Дијагностички испитувања кои не се обврзувачки • Регулирана постапката за повторно издавање на боледување • Дефинирана важноста на резултатите од дијагностичките испитувања за хронични заболувања
ВРЕМЕНСКА РАМКА АПСОЛУТНА СПРЕЧЕНОСТ ЗА РАБОТА + РЕЛАТИВНА СПРЕЧЕНОСТ ЗА РАБОТА = ВРЕМЕНСКА РАМКА 10
ИЗМЕНА ВО СОДРЖИНАТА НА КРИТЕРИУМИТЕ • Боледување до 7 дена - доктринарни ставови Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. • Боледување до 15 дена - Дефинирано ниво на здравствена заштита ( ПЗЗ, СЗЗ. ТЗЗ) За издавање на боледувањето до 15 дена потребно е да се направат предвидените дијагностички постапки и/или преглед од соодветен специјалист/субспецијалист во согласност со критериумите за боледување за соодветната дијагноза без кои не може да се издаде боледувањето. 11
ИЗМЕНА ВО СОДРЖИНАТА НА КРИТЕРИУМИТЕ • Боледување над 15 дена: -По наод, оцена и мислење на Првостепена лекарска комисија • Боледување над 60 дена: - Конзилијарно мислење За прв пат се воведува Образец за Конзилијарно мислење за продолжување на привремената спреченост за работа, со цел да се има подобра контрола на издадените боледувања и да се утврди веродостојноста на боледувањето. За продолжување на привремената спреченост за работа над 60 дена не е потребно конзилијарно мислење за осигурено лице со тешко заболување. 12
КОНЗИЛИЈАРНО МИСЛЕЊЕ Конзилијарното мислење се издава за: • • • Продолжување на привремена спреченост на работа над 60 дена од почетокот на боледувањето согласно временската рамка во критериумите (прв пат). Повторно издавање на конзилијарно мислење согласно временската рамка во критериумите. Продолжување на привремена спреченост на работа при потреба за надминување на временската рамка согласно критериумите. Конзилијарното мислење е со важност од 60 дена. 13
ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР • Цревни инфективни болести (A 00 A 09) Дијагностички минимум: клинички преглед, стандардни лабораториски анализи, копрокултура. Дополнителни прегледи: преглед од хирург, преглед од инфектолог, EHO на абдомен. Апсолутна спреченост за работа: постои и трае колку што трае хоспитализацијата, а ако таа не е индицирана - 7 -14. Релативна спреченост за работа: уште 7 дена според барањата на работното место. • Цревни инфективни болести (A 00 A 07, А 09) До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ) До 15 дена : Стандардни лабораториски анализи, копрокултура. (ПЗЗ, СЗЗ) Над 15 дена: Во случај на болничко лекување боледувањето се продолжува до 7 дена по хоспитализација. При позитивен наод на брис и/или копрокултура, боледувањето се продолжува до добиени 3 последователни негативни наоди. 14
ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР • Малигни неоплазми на женските генитални органи (C 51 -C 58) Дијагностички минимум: клинички преглед, стандардни лабораториски анализи, хепатограм, трансаминази Rtg pulmo et cor (ПА и профил), цистоскопија, колпоскопија, Papanikolau (ПАП) тест, EHO а абдомен, преглед од гинеколог, гастоентерохепатолог, уролог. Дополнителни прегледи: да се земе материјал за патохистолошка обработка, туморски маркери, имунолошки и хормонален статус, и други прегледи и наоди по одлука на конзилиумот за малигни болести на соодветниот заболен систем. Апсолутна спреченост за работа: во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и за време на спроведувањето на евентуалната радио- и/или хемо- терапија и трае до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК. Релативна спреченост за работа: на работни места со тешка физичка работа, работа во лоши микроклиматски услови, изложеност на токсични материи, зрачење, а во случај кога трае подолго од 2 месеци се врши обработка за ИПК. • Малигни неоплазми на женски генитални органи (C 51 -C 58) До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ) До 15 дена: Стандардни лабораториски анализи, колпоскопија, Papanikolau (ПАП) тест, EХO на генитални органи, биопсија со патохистолошка обработка, преглед од гинеколог/ хирург/уролог. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ) Над 15 дена: Во случаи каде е индицирана хоспитализација, како и при оперативно лекување, радио- и/или хемо- терапија до 10 месеци кога отпочнува обработката за ИПК. 15
ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР • Грип и воспаление на белите дробови - Influenza (Gripp), Pneumonia (Ј10 -Ј18) Дијагностички минимум: клинички преглед, стандардни лабораториски наоди, Rtg pulmo et cor (ПА и профил), ЕКГ. Дополнителни прегледи: преглед од пулмолог или пнеумофтизиолог, брис со антибиограм за бактерии и габички, Rtg на PNS по Hirtz, ОРЛ преглед, спирограм, искашлок. Апсолутна спреченост за работа: за грип 7 - 14 дена, за бронхопневмонија 1 месец. Релативна спреченост за работа: на работни места со нагли промени на микроклиматските фактори: температура, влажност на воздухот, ветер, респираторни иританси во работните простории и на работни места и работни задачи со тешко физичко оптоварување трае, за грип, 7 дена, а за бронхопневмонија 2 недели. • Инфлуенца (Ј09 -Ј11) До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ) До 15 дена: Стандарден лабораториски наод. (ПЗЗ) За грип спреченост за работа трае до 15 дена од почетокот на боледувањето. Нема основ за продолжување на боледувањето над 15 дена. 16
ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР Други дорзопатии (M 50 – M 54) Дијагностички минимум: клинички преглед, стандардни лабораториски наоди, Rtg на рбетен столб, CT, MRI, преглед од неврохирург, ортопед или физијатар. Дополнителни прегледи: EMNG, миелографија, прегледи од: невролог, физијатар или ревматолог. Апсолутна спреченост за работа: постои во случај на акутен и субакутен болен синдром со позитивен невролошки наод, со хоспитално или домашно лекување, и трае до четири недели и повеќе според мислење на соодветен специјалист (невролог, физијатар, ортопед или неврохирург). Релативна спреченост за работа: постои на работи каде се изразени нагли промени на температурата и влажноста на воздухот, при работа на отворен простор, каде е потребно големо физичко напрегнување, нефизиолошка положба на телото, и трае до два месеца, време што е потребно да се направи процедурата за ИПК, заради распоредување на соодветни работи и работни задачи. До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ) До 15 дена : Стандардни лабораториски наоди, РТГ на рбетен столб, преглед од ортопед/физијатар/интернист/ревматолог/не врохирург. (ПЗЗ, СЗЗ, ТЗЗ). Над 15 дена : Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување, спреченоста за работа во случај на домашно лекување трае до 1 месец од почетокот на боледувањето, во случај на лекување со физикална терапија трае до завршување на третманот, во случај на оперативно лекување до 3 месеци по излегување од болница (со период на вклучена рехабилитација). 17
НОВИНИ ВО КРИТЕРИУМИТЕ За шифрата на дијагнозата Z 35 - Надзор на високоризична бременост, не следува спреченост за работа. Во случај на патолошка состојба во текот на бременоста се користи шифрата на дијагнозата на основното заболување кое довело до патолошка состојба. Спреченоста за работа трае согласно критериумите утврдени со шифра на дијагноза за основното заболување. 18
НОВО ДЕФИНИРАНИ КРИТЕРИУМИ ПРИ ПАТОЛОШКИ СОСТОЈБИ ВО БРЕМЕНОСТА • • • Венски компликации во бременсот ( О 22) Дијабетес мелитус во бременоста (О 24) Грижа на мајката во врска со фетусот и амнионската празнина и можните породилни проблеми (О 30 -О 47) Мултипла гестација и компликации специфични за мултипла гестација( О 30 -О 31 ) Грижа на мајката кај позната или претпоставена неправилна положба на фетусот (О 32 - О 33) Полихидрамнион (О 40) Плацента превија (О 44) Абрупција на плацента (О 45) Лажно раѓање (О 47) 19
НОВО ДЕФИНИРАНИ КРИТЕРИУМИ ПРАКТИЧЕН ПРИМЕР Плацента превија (О 44) • До 7 дена: Избраниот лекар може да утврди привремена спреченост за работа во траење до 7 дена без примена на критериумите, само врз основа на усвоени доктринарни ставови, дијагностички и терапевтски постапки. (ПЗЗ) • До 15 дена: Стандардни лабораториски наоди, EХO на долен абдомен. (ПЗЗ) • Над 15 дена: Со специјалистички извештај и/или отпусно писмо со препорака за боледување до крај на бременост. 20
НОВО ДЕФИНИРАНИ КРИТЕРИУМИ • • • Церебрална парализа (G 80), Хипотензија (I 95), Болести на усна празнина, плунковни жлезди и вилици ( К 00 -К 20), Други болести на цревата (К 55 - К 63), Синдрома на иритабилно црево (К 58) и Други функционални цревни заболувања (К 59) , Фисура и фистула на анална и ректална регија (К 60) , Абцес на анална и ректална регија (К 61), Други болести на анус и ректум (К 62), Други болести на цревото (К 63) Болести на перитонеум (К 65 -К 66) Пилонидална циста (L 05) Еритематозен лупус (L 93) Инфективни артропатии (М 01 -М 03) Системски заболувања на сврзното ткиво (М 30 -М 36) Акутна бубрежна инсуфициенција, хронична бубрежна инсуфициенција, неозначена бубрежна инсуфициенција (N 17 -N 19) 21
НОВО ДЕФИНИРАНИ КРИТЕРИУМИ • Конгенитални малформации, деформации и хромозомски ненормалности(Q 00 -Q 99) • Повреди што зафаќаат повеќе телесни регии (Т 00 -Т 14) • Оплодување In vitro (Z 31. 2) • Воведени критериуми и за следните постоперативни состојби: ü Хистероскопски интервенции ü Лапароскопски интервенции, ü Операции на срце - бај-пас, поправка и замена на срцеви валвули, хируршко затварање на септални дефекти (ASD, VSD) , затворање со „чадорче“и затворање на перзистентен дуктус (PDA), ü Операции на големи крвни садови – операција на абдоминална, торакална или абдоминално-торакална аорта, ü Операции на периферни крвни садови (периферен бај-пас) – каротида и крвни садови на екстремитети 22
ЗАКЛУЧОК • Критериумите не се упатства за лекување ! • Критериумите се законска регулатива која треба да се почитуваат од страна на лекарите од примарна , секундарна, терциeрна здравствена заштита и лекарските комисии. • Казнена одлука за издавање на лажни боледувања, предвидена во Договорите со здравствените установи, а во согласност со Законот за здравствено осигурување. 23
ЗАКЛУЧОК • Новите Критериуми се составен дел на Правилникот за привремена спреченост за работа и ќе се применуваат од 01. 04. 2012 година. • Критериумите во електронска форма можат да се најдат на веб сајтот на ФЗОМ. 24
ПОРАКА Секоја заштеда на здравствениот денар е инвестиција во сопственото здравје! 25
Контакт ТИМ ЗА ЕДУКАЦИЈА НА СЕКТОР КОНТРОЛА: Д-р Силвана Андов - silvanaa@fzo. org. mk Д-р Весна Ефремова-Стефаноскa - vesnae@fzo. org. mк Д-р Љубинка Анастасова - ljubinkaa@fzo. org. mk Д-р Јасминка Трајкоска-Спасовска - jasminkat@fzo. org. mk тел: + 389 23 28 9053 / факс: + 389 23 28 9011
БЛАГОДАРАМ НА ВНИМАНИЕТО 27
6fe1f9032bfe3fc75245764b43be9fb0.ppt