0d9afd83d1a63d82723b665f7341b732.ppt
- Количество слайдов: 13
Избор на антидепресивна терапија во третман на деца и адолесценти Проф. д-р Марија Ралева Универзитетска клиника за психијатрија, Скопје
Официјално одобрени препарати за адолесцентна депресија • Само еден препарат од групата на Селективни Серотонин Преземачки Инхибитори (SSRIs) – Fluoxetin е одобрен за употреба кај пациенти под 18 години во Европа. • Во САД е одобрен и Escitalopram (US – Lexapro®) од страна на Food and Drug Administration (FDA) во март, 2009 за акутен и третман на одржување кај адолесценти со депресија на возраст од 12 дo 17 години (Yan, 2009).
Недостатоци поврзани со индицирање на антидепресиви во развојниот период • Индикацијата за Еscitalopram како терапија на одржување на адолесцентна депресија произлегува од фактот што ефикасноста кај адолесцентната популација ‘може да се екстраполира од податоците за возрасната популација’ како и од фармакокинетичките параметри на лекот (Forest Laboratories, Inc. , 2010). • Како најголем пропуст во процедурата на одобрување на лекот се смета недостигот од компаративни студии на Еscitalopram со Fluoxetin, кој сéуште претставува златен стандард во третманот на детската и адолесцентна депресија.
Аргументи „За“ и „Против“Escitalopram • Escitalopram има сосем мал афинитет кон други рецептори како што се 5 -HT 1 A, 5 -HT 2, допамин D 1 и D 2 рецепторите, α 1, α 2, βадренорецепторите, хистамин H 1, мускаринските хoлинергични рецептори, бензодиасепински, GABA и опиоидните рецептори (Lundbeck Canada, Inc. , 2011). • Escitalopram не се врзува за Na, K, Cl, Ca јонски канали (Lundbeck Canada, Inc. , 2011). • Фармокинетските особини на еднократна орална доза на Еscitalopram 10 mg кај адолесценти (12– 17 г. ; n=11) компарирано со здрави возрасни (18– 35 г. ; n=12) не се сигнификантно различни, (p=0. 0621) (Rao, 2007; Periclou et al. , 2003). Tmax е покусо во адолесцентната група, (p=0. 0249), и елиминациониот полу-живот (t 1/2) е покус кај адолесцентната група, (p=0. 0275) (Periclou et al. , 2003). • Врз основа на овие резултати авторите заклучуваат дека разликите во фармакокинетичките вредности не се клинички сигнификантни и затоа прилагодувањето на дозите не е потребно кај адолесцентната популација.
RCT Студии за третман на депресија во развојниот период со Еscitalopram • Wagner и сор. (Wagner et al. , 2006) - 268 субјекти со депресија, 6– 17 г. (mean 12. 3), кои рандомизирано добивале или флексибилна доза на Еscitalopram 10– 20 mg или плацебо во тек на 8 недели. Не е најдена статистички сигнификантна разлика меѓу Еscitalopram и placebo при a priori првичните исходи на CDRS-R score. Рost hoc aнализа кај оние кои ја довршиле студијата 12– 17 г. најдена е сигнификантна разлика во корист на Еscitalopram на CDRS-R скоровите (p=0. 047). Треба да се има на ум дека при ваквите студии на антидепресиви кај адолесценти одговорот кон placebo има многу повисока стапка (до 61%) отколку кај возрасни. • Emslie и сор. (Emslie et al. , 2009) – 312 субјекти со депресија, 12– 17 г. (mean 14. 6). Escitalopram покажал поголема редукција на CDRS-R скоровите отколку placebo, со големина на ефектот од 0. 27 (мал до среден eфект). Стапките на одговор мерени со Clinical Global Impressions -Improvement Scale (CGI-I) изнесуваа 64. 3% во групата со Еscitalopram, а 52. 9% во групата со placebo. • 16 -недели двојно-слепа екстензија на претходната студија, водена од Findling и сор. (Findling et al. , 2008) кои опсервираа статистички сигнификантна разлика во редукција на CDRS-R меѓу Еscitalopram и placebo.
Несакани ефекти и безбедност на Escitalopram Абд. болка % Wagner et al. , 2006 Emslie et al. , 2009 Findling et al. , 2008 Гадење % Повраќ ање % Главоб олки % Инсомни а % 5, 4 3, 1 1, 5 1, 1 2 2 3, 6 + Самоповредување N + Суицидал ност 1 случај 1 случај Miriyala и Coffey (2008) опишаа случај на ренална инсуфициенција кај 17 годишна девојка по 10 месечен третман на тешко депресивно растројство со Еscitalopram.
Што во третманот на детска и адолесцентна депресија ? ? ? • Актуелните антидепресивни опции - ограничени. • Користење SSRI, неофицијално (off-label) – Sertraline, Fluoxetin, Venlafaxin, • За Paroxetinot се познати ограничувања кај оваа популација (суицидалност). • Избор на лек за дете или адолесцент со депресивна симптоматологија е комплексна одлука!!! 1. Кој треба да предводи во донесување на одлуката? - психијатарот, педијатарот, матичниот лекар 2. Сметаме, онаму каде тоа се чини соодветно, адолесцентите и нивните родители, пружајќи им достапни информации да изразат согласност за третман со лек кој не е одобрен за оваа популација. • Escitalopram-от - погоден при: • • • проблеми со гојазност, слаба можност за акатизија и дистонија, стабилни нивоа во крвта, ниско ниво на интеракција со други лекови, и ниско ниво на анксиозност при почетокот на третманот.
Знаци и симптоми на депресија кај деца (Grayson, 2004) • Поплаки на нерасположение, тага, негативна слика за себе поврзана со однесувањето, изведбата, интелигенцијата. . ; • Чести соматски поплаки (главоболки, стомачни болки, замор); • Социјално повлекување, одбивање за дружење со врсници, за учество во различни активности, забава); • Изолација – претпочитање да остане дома, во својата соба, прекумерно спиење, раздразливост, иритабилност со семејството; • Пречувствителност кон доживеан критицизам или одбивање, со гласни изливи на плачење; • Бихејвиорални проблеми со изливи на бес • Мисли за смрт и самоубиство (ретко извршени суициди, особено под 12 години) • Ретки поплаки на аудитивни халуцинации (да се диференцира од други психотични или биполарни состојби).
Студија на случај • Развојна анамнеза: Е. Ј. , девојче на 14 годишна возраст, постара ќерка од вкупно 2 деца. Живее во 4 члено нуклеарно семејство. Родена на време, по нормален пат. Ран развој со лесно задоцнување во моторните функции. Моторната координација забавена, диспраксична, присутни репетитивни и стереотипни движења на рацете. Говор и интонација необични, повишени и прозодијата неускладена. Менарха на 12 години. Проценета како дете со дисхармоничен развој, т. е. F 83. Интелектуалните функции уредни. Одлична ученичка. Анамнеза за состојбата: Намалено расположение, повлеченост, осаменост, иритабилност, плачење, автодеструктивно однесување, самоповредување, неадаптираност во училиште и со врсници. Отсекогаш Е. била неприфатена во друштво на врсници, отфрлувана, исмејувана, на училиште, но до својата 12 годишна возраст тоа многу не ја засегало. Последните 2 години станала сé пораздразлива, вознемирена, конфликтуозна и плачлива. Одбивала да оди на школо, со часови дома се жалела на домашните како никој не ја сака, ниту почитува. Одбивала да излегува, последните 2 -3 недели немала никаква концентрација и тешко помнела, на училиште често се расплакувала и се карала со децата. Неколку дена пред хоспитализацијата изјавувала дека подобро да не постои, да ја нема, а ден пред хоспитализацијата се обидела во неколку наврати да се самоповредува.
Соматски статус: Висок раст, тенденција кон обезитет, секундарни полови карактеристики назначени. Психички статус: депресивно расположение, иритабилност и тенденција за ескалација до изразена вознемиреност и психомоторен немир, неволни репетитивни движења на мускулатурата, стереотипни гестикулации и диспраксија. Хипервигилност, тешко се фокусира на една тема. Мисловната продукција обилува со депресивни содржини од секојдневието, чувство на отфрленост и безвредност, без психотични феномени. Повремени суицидални импулси, и суицидално однесување. Дијагноза (врз основа на интервју, обсервација, психолошка и дефектолошка проценка): според I дијагностичка оска F 92. 0 (Мешано растројство во поведение и емоции-депресивен тип); според II дијагностичка оска F 83. 0 (Meшани специфични развојни растројства)
• Што е она за што треба да се води сметка кај овој случај? А) развојните когнитивни и психомоторни карактеристики Б) возраста и соматските карактеристики В) актуелната депресивност и суицидалност Г) иритабилноста и импулсивноста • Кој од расположивите антидепресиви би го ординирале и зошто? А) Fluoxetin Б) Sertraline В) Escitalopram Г) Venlafaxin Д) Paroxetin
• Во кои дози би го ординирале лекот ? А) Во дози исти како за адултен пациент со иста т. т. ; Б) Во помали дози од дозите за адултен пациент; В) Почеток со помали дози, а потоа покачување до дози исти како кај возрасен; • Кои параметри во однос на безбедноста на лекот би ги следеле? А) Лабараториски анализи Б) ЕКГ В) Клинички параметри
Благодарам на вниманието
0d9afd83d1a63d82723b665f7341b732.ppt