e9a82337dfd44b2080396de9b3d0662d.ppt
- Количество слайдов: 75
ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА задолжителна едукација на општинските изборни комисии февруари - март 2009 година
ИЗБИРАЧКИ ОДБОР u u u u Избирачки одбор е орган кој се грижи за законито спроведување на изборите и непосредно го спроведува гласањето на гласачкото место. ИО се формира за секое избирачко место. Имајќи предвид дека овој пат се спроведуваат два вида избори истовремено, замениците членови на ИО учествуваат во работата на ИО и во присуство на членовите, на повик на претседателот, особено во деновите на зголемен обем на работа на ИО (при приемот на изборниот материјал, на денот на изборите и др. ). Претседателот и членовите на ИО треба да се координираат со своите заменици на денот на изборите. При отворањето и затворањето на гласачкото место како и при сумирањето на резултатите од гласањето, претседателот и членовите на ИО мора да бидат присутни на гласачкото место. За својот ангажман, претседателот, членовите и нивните заменици на ио ќе добијат соодветен надоместок. Начинот и постапката за утврдување на одговорноста за незаконито работење на претседателот, неговиот заменик, членовите и нивните заменици во избирачките одбори се уредуваат со Законот за државните службеници и Законот за работните односи. ОИК ги разрешува членовите на ИО во случај на нивно противзаконско работење на денот на изборите. За разрешувањето се составува записник кој содржи образложение и докази за разрешувањето и се известува ДИК.
u u u ИО ги имаат следниве задачи: Дејствија кои ИО ги презема ден пред гласањето – Прием на изборниот материјал, негово обезбедување и уредување на гласачкото место. Дејствија кои ИО ги презема на денот на гласањето – Раководење и непосредно спроведување на гласањето на гласачкото место и обезбедување на правилно, слободно и тајно гласање. – Сумирање и утврдување на резултатите од гласањето на гласачкото место. Дејствија кои ИО ги презема по извршеното сумирање на резултатите од гласањето на гласачкото место – Истакнување на сумираните резултати во гласачкото место и доставување на резултатите и изборниот материјал до ОИК во законски определениот рок. ИО составува записник за работа и за сумирање на резултатите на обрасци пропишани и потврдени со печат од ДИК кои заедно со изборниот материјал ги доставува до ОИК. Во случаите на грешка при пополнување на записникот избирачкиот одбор постапува согласно упатството на Државната изборна комисија. ИО работите од својата надлежност ги врши во согласност со Изборниот законик и упатствата од ДИК.
ЛИЦА КОИ МОЖЕ ДА ЈА НАБЉУДУВААТ РАБОТАТА НА ИО u u Овластени претставници на подносители на листа на кандидати Овие лица се претставници на подносителите на листите. Секој подносител на листа на кандидати за избор на претседател на Републиката, градоначалник на општина односно градот Скопје и членови на советите на општините односно градот Скопје има право да определи претставник и негов заменик кои ќе ја следат работата ИО од започнувањето на изборите се до утврдувањето и објавувањето на резултатите. Подносителот на листата му издава овластување (кое на треба да има печат) на претставникот и за тоа ја известува ОИК. Овластените лица кога ќе дојдат да ја следат работата на ИО, должни се да покажат овластување и документ за идентификација. Претставникот на подносителот на листата при работата на ИО може да предупреди за неправилности во работата и да даде забелешка за постапките и доколку не биде прифатено неговото предување или забелешка може да побара тоа да биде внесено во записникот.
u u u Набљудувачи Изборите и изборната постапка можат да ги набљудуваат: регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во РМ и регистрирани здруженија на странски земји во чии статути се вклучуваат начелата на демократија и заштита на човековите права; меѓународни организации и претставници на странски земји. Процедурите за вршење на набљудувачката мисија ги утврдува ДИК. Набљудувачите можат да вршат набљудување дури по добивањето на овластување од ДИК има право да го одземе овластувањето за набљудување, ако набљудувачот започне да изразува поддршка за некој кандидат, партија или коалиција.
u Новинари u На новинарите од акредитираните медиуми исто така им е дозволено да го набљудуваат изборниот процес. Новинарите од акредитираните медиуми можат да ја следат работата на ИО под услов да не се мешаат во неговата работа. За да може да влезе на гласачкото место, новинарот на претседателот или членовите на ИО мора да им покаже документ за идентификација и акредитација издадена од неговата новинарска куќа. Друг документ или овластување не му е потребен.
u Лицата кои имаат овластување може да ги набљудуваат сите аспекти на подготовките и изведувањето на изборите. При тоа должни се: – Да ги почитуваат Изборниот законик и упатствата од ДИК кои се однесуваат на набљудувањето на изборниот процес; – Да го почитуваат Кодексот за однесување на набљудувачите; – Да се легитимираат со овластувањето и личниот документ за идентификација; – Да не се мешаат во работата на ИО. u При уредувањето на гласачкото место, за набљудувачите мора да бидат обезбедени места за седење на позиција од која ќе имаат целосна прегледност и несметано ќе можат да го набљудуваат гласањето. u Доколку било кој овластен претставник, набљудувач или новинар ја попречува работата на ИО или не се придржува до упатствата дадени од ДИК, ИО има право да побара тоа лице да го напушти гласачкото место. Доколку лицето доброволно не го напушти гласачкото место ИО треба да повика полиција која ќе го отстрани ова лице од гласачкото место. u СЕКОЕ ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЛИЦЕ ОД ГЛАСАЧКОТО МЕСТО, ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР ГО ЗАБЕЛЕЖУВА ВО ДНЕВНИКОТ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА НА НАСТАНИ НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО !!!
ДЕН ПРЕД ИЗБОРИТЕ u ОИК ќе го достави изборниот материјал до ИО еден пред денот на изборите. u Гласачкото место, членовите на ИО и сите лица присутни на приемот на изборните материјали се обезбедуваат од припадниците на полицијата за време на приемот на материјалите.
ДОВЕРЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ u гласачки ливчиња за избор на претседател на Републиката; u гласачки ливчиња за избор на градоначалник на општината; и u гласачки ливчиња за избор на членови на совет на општината; u потврдени изводи од Избирачкиот список за гласачкото место; u гласачки кутии; u дневник за евиденција на настани на гласачкото место; u ултра виолетово мастило во вид на спреј за обележување (2 шишенца); u 2 (две) УВ ламби за идентификација на УВ мастило; u печат со бројот на гласачкото место u НАПОМЕНА: избирачките одбори на територијата на градот Скопје исто така ќе добијат и: u гласачки ливчиња за избор на градоначалник на градот Скопје; и u гласачки ливчиња за избор на членови на совет на градот Скопје;
u Записници (обрасци) на ДИК: - Записник за предавање на изборниот материјал од општинската изборна комисија на избирачкиот одбор (Образец бр. 14 -А и 14 -Б); - Записник за утврдена состојба на просторијата за гласање, изборниот материјал и гласачките кутии од избирачкиот одбор (Образец бр. 15); - Записник за работата и сумирањето на резултатот од гласањето на гласачкото место (посебен записник за секој избор и тоа Обрасци бр. 16 -А, 16 -Б, 16 -В, 16 -Г и 16 -Д); - Записник за предавање на записникот и другиот изборен материјал од ИО на ОИК (Обрасци бр. 20 -А, 20 -Б и 20 -В)
u По потреба ИО ги добива и следните обрасци: - Записник за избирачите кои на денот на гласањето се на издржување казна затвор или се во притвор во казнено поправните домови (Обрасци бр. 18 -А, 18 -Б, 18 -В, 18 -Г и 18 -Д); - Записник за избирачите – внатрешно раселени лица (Обрасци бр. 19 -А, 19 -Б, 19 -В, 19 -Г и 19 -Д);
НЕДОВЕРЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ u u u u u гласачки паравани; листа на кандидат, односно листа на кандидати; четири АА батерии за секоја УВ ламба; нумерирани сигурносни пластични ленти за запечатување на гласачката кутија и за вреќата за транспорт на доверливите материјали; заштитни коверти за пакување на искористените гласачки ливчиња (важечки и неважечки), неискористените гласачки ливчиња, кочаните, избирачкиот список и Дневникот за евиденција; резервни заштитни коверти; големи проѕирни пластични вреќи, со етикета, за транспорт на доверливиот материјал; голема проѕирна пластична вреќа за транспорт на недоверливиот материјал и лепенки за означување на вреќите за транспорт; друг недоверлив материјал
ПРОВЕРКА НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА u Гласачкото ливче е отпечатено на македонски јазик и неговото кирилско писмо и го содржи името на подносителот на листата, името и презимето на носителот на листата. u На гласачкото ливче кандидатите, односно подносителите на листите се наведени по оној редослед кој е утврден во единствената листа на кандидати. u За припадниците на заедниците, името на подносителот на листата, името и презимето на носителот на листата се пишуваат на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на јазикот и писмото на заедницата на која тие припаѓаат. u Во општините во кои најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик, гласачкото ливче за избори се печати покрај на македонски јазик и неговото кирилско писмо и на службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина. u Гласачкото ливче се состои од дел за гласање и дел кој останува на кочанот.
u Делот за гласање содржи: u – назив на гласачкото ливче; – реден број, име и симбол (ако го има) на подносителот на листата и зависно од видот на избори – име и презиме на кандидатот за претседател на Републиката (за избор на претседател) – име и презиме на кандидатот за градоначалник на општината односно градот Скопје – име и презиме на носителот на листата за членови на советите на општината односно членови на советот на градот Скопје, врз основа на податоците од матичната евиденција; Делот од гласачкото ливче кој останува на кочанот содржи: – сериски број на ливчето, – називот на општината односно градот Скопје и – бројот на гласачкото место. u Секој ИО добива онолку гласачки ливчиња колку што има избирачи на изводот на Избирачкиот список за тоа гласачко место.
u u Уверете се дека го имате точниот број на гласачки ливчиња !!! Пример: ако во изводот од Избирачкиот список има 535 избирачи, тогаш треба да добиете 535 гласачки ливчиња). Aко серискиот број на првото ливче е 1. 501, а на последното 2. 035, тогаш имате 535 гласачки ливчиња (2. 035 – 1. 501 + 1 = 535).
УРЕДУВАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u Гласањето се врши во затворена просторија која ги исполнува условите за остварување на лично, слободно и тајно гласање на избирачите. u Секое избирачко место има реден број. u Редниот број на избирачкото место се истакнува на објектот во кој се врши гласањето за тоа избирачко место, а доколку во еден објект се врши гласање во две или повеќе избирачки места, редниот број на избирачкото место се означува и на секоја просторија што е определена за гласање во тоа избирачко место. u ИО треба да го уредат гласачкото место на начин со кој ќе се обезбеди лесно и непрекинато спроведување на гласањето.
u ИО прво го поставува изводот од Избирачкиот список за избор на претседател u Следно ИО го поставува изводот од Избирачкиот список за локални избори u Потоа ги поставува гласачките ливчиња за избор на претседател u Потоа ги поставува гласачките ливчиња за избор на градоначалник на општината u Последни се поставуваат гласачките ливчиња за избор на членови на советот на општината
u u u u ИО на територијата на градот Скопје прво го поставува изводот од Избирачкиот список за избор на претседател Следно ИО го поставува изводот од Избирачкиот список за локални избори Потоа ги поставува гласачките ливчиња за избор на претседател Потоа ги поставува гласачките ливчиња за избор на градоначалник на градот Скопје Следни се поставуваат гласачките ливчиња за избор на членови на советот на градот Скопје Потоа се поставуваат гласачките ливчиња за избор на градоначалник на општината Последни се поставуваат гласачките ливчиња за избор на членови на советот на општината
u Основна задача на ИО е обезбедување на гласачите слободно да ја изразат својата волја и гласањето да помине без било какви притисоци или принуда врз избирачите. Затоа од суштествена важност е ИО да ги отстрани сите пропагандни материјали, известија и друг изборен материјал во просторијата каде е сместено гласачкото место како и во блиската околина (во радиус од 100 метри) на гласачкото место. u Членовите на ИО треба да ја обиколат околината на гласачкото место за да се уверат дека сите изборни постери, летоци и останатиот рекламен изборен материјал се отстранети !!!
ГЛАСАЊЕ НА ИЗБИРАЧИ КОИ НА ДЕНОТ НА ГЛАСАЊЕТО НЕ СЕ ВО МОЖНОСТ ДА ГЛАСААТ ВО НИВНИТЕ ИЗБИРАЧКИ МЕСТА u Избирачи кои гласаат еден пред денот на изборите се: - Немоќни или болни лица; - Лица кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и - Внатрешно раселени лица.
ГЛАСАЊЕ НА БОЛНИ И НЕМОЌНИ ЛИЦА u ОИК ќе му достави листа на болни лица на ИО. Само лицата кои се наоѓаат на листата ќе можат да гласаат еден пред денот на изборите. u ИО на овие лица ќе им овозможи да гласаат во нивниот дом ден пред одржувањето на изборите. u За денот и часот на гласањето, претседателот на ОИК писмено ги известува претставниците на подносителите на листите.
u Избирачите кои на денот на гласањето се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор гласаат во казнено поправните домови. ИО надлежен за гласањето мора да постави привремено гласачко место во казнено поправниот дом. u Избирачите кои се внатрешно раселени гласаат во центрите за внатрешно раселени лица. ИО надлежен за гласањето мора да постави привремено гласачко место во центарот. u Гласањето го спроведува ИО од најблиското избирачко место.
u На болното лице ИО му дава плик со негово име и гласачко ливче на кое е ставен печат на предната страна. ИО му овозможува да гласа во тајност. Гласачот го преклопува гласачкото ливче и го става во друг празен плик. По завршеното гласање пликовите со гласачките ливчиња ги остава неотворени во гласачката кутија во гласачкото место. u Овие гласови се сумираат заедно со гласовите од денот на гласањето. u На денот на изборите, пред почетокот на гласањето, ИО ги отвора пликовите во кои се наоѓаат гласачките ливчиња од гласањето на болните и немоќните лица, и без да види за кого е гласано ги спушта гласачките ливчиња во празната гласачка кутија и истата ја запечатува.
u u u На избирачот (во затвор, притвор или внатрешно раселено лице) во процесот на гласање му се дава празен плик на кој е наведена општината од каде доаѓа и гласачко ливче на кое е ставен печат на предната страна. Избирачот по извршеното гласање го превиткува гласачкото ливче на начин од кој не може да се види за кого е гласано, го става гласачкото ливче во претходно добиениот празен плик, го затвора пликот и го пушта во гласачката кутија. За секоја општина од каде има избирачи се составува посебен записник. По завршеното гласање, гласачкиот материјал селектиран по општини ИО го доставува до својата ОИК гласачкиот материјал го доставува до соодветната ОИК.
ДЕН НА ИЗБОРИ ПРЕД ОТВОРАЊЕТО НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u ИО се состанува најмалку еден час пред почетокот на гласањето и утврдува: u Дали просторијата за гласање е во истата состојба во која е оставена, u Дали изборниот материјал е во иста состојба во која е оставен, u Дали гласачката кутија е во истата состојба во која е оставена. u Затекнатата состојба се внесува во записник (Образец бр. 15).
ДЕН НА ИЗБОРИ ПРЕД ОТВОРАЊЕТО НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО Пред започнувањето на гласањето: u покажете ја празната гласачка кутија на сите членови на ИО и присутните овластени претставници на подносители на листа на кандидати, набљудувачи и новинари; u покажете ги броевите на двете нумерирани сигурносни пластични ленти со кои ќе ја запечатите гласачката кутија, u Внесете ги броевите на нумерираните сигурносни пластични ленти во дневникот, протнете ги пластичните ленти низ страничните дупки од капакот на гласачката кутија и цврсто повлечете; u на лепенката напишете го бројот на гласачкото место и залепете ја на една од страните на запечатената гласачка кутија.
ДЕН НА ИЗБОРИ ОТВОРАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u Гласачкото место се отвора во 7: 00 часот. u Отворете ја вратата на избирачкото место. u Времето на отворање на гласачкото место се внесува во Записникот. u Гласањето се одвива без прекин во периодот од 07: 00 до 19: 00 часот на денот определен за гласање.
ДЕН НА ИЗБОРИ ПОСТАПКА ЗА ГЛАСАЊЕ
Фаза 1 – Утврдување на идентитетот на избирачот, проверка дали избирачот се наоѓа во изводот од Избирачкиот список за соодветното гласачко место и дали избирачот претходно гласал. u u ИО прво го проверува палецот од десната рака на секој избирач кој пристапил да гласа со УВ ламба на начин што се поминува преку целиот десен палец за да се провери дали избирачот има мастило. Доколку на палецот има мастило, на избирачот не му се дозволува да гласа и се замолува да го напушти гласачкото место.
u Доколку на палецот има мастило, на избирачот не му се дозволува да гласа и се замолува да го напушти гласачкото место. u Ако на палецот нема мастило, од избирачот ИО бара да ги покаже документите за утврдување на неговиот личен идентитет. u Избирачите можат да го докажат својот идентитет со еден од следниве документи: лична карта, патна исправа (пасош) u НИКАКВИ ДРУГИ ДОКУМЕНТИ НЕ СМЕАТ ДА СЕ ПРИФАТАТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ИДЕНТИТЕТОТ НА ИЗБИРАЧОТ
u u По утврдувањето на идентитетот на избирачот, се проверува дали тој се наоѓа во изводите од Избирачкиот список. Доколку избирачот се наоѓа во изводот од Избирачкиот список, пред да се заокружи редниот број до неговото име и му се даде да се потпише во списокот во графата до неговото име, на избирачот му се укажува дека се спроведуваат два вида на избори, дека има два изводи од Избирачкиот список едниот за избор на претседател, другиот за локални избори.
u Избирачот прво треба да се потпише во изводот од Избирачкот список за избор на претседател, а потоа да му се даде едно гласачко ливче за овој вид избори. u Потоа избирачот треба да се потпише во изводот од Избирачкиот список за локлани избори и му се дава по едно гласачко ливче за избор на градоначалник и членови на советот на општината. На територијата на градот Скопје на избирачот по потпишувањето во изводот од Избирачкиот список за локлани избори му се даваат по едно ливче за избор на градоначалник и членови на советот на градот Скопје и за избор на градоначалник и членови на советот на општината. u
u Избирачот може да гласа и само за еден вид на избори. Во тој случај се потпишува само во изводот од Избирачкот список за тој вид избори и му се дава гласачко ливче односно гласачки ливчиња за тој вид избори.
u Доколку избирачот е неписмен или има физички недостаток, тогаш тој ќе стави отпечаток од десниот показалец на местото резервирано за потпис. За оваа цел се користи перниче за отпечатоци. Ако избирачот нема десен показалец тој ќе стави отпечаток од неговиот лев показалец, а доколку нема ни лев показалец не се става отпечаток.
u u u Доколку овластен претставник на подносител на листа на кандидати или член на избирачкиот одбор се сомневаат во идентитетот на избирачот на кој му е или не му е дадено гласачко ливче, евидентирајте го настанот во дневникот. Забелешката треба да ги содржи следниве податоци: - име и својство на лицето кое приговара - причини за приговорот - име и лични податоци на избирачот - причини зошто на избирачот му е или не му е дадено гласачко ливче
Фаза 2 - Давање на гласачко ливче на избирачот и објаснување на техниката на гласање
ВАЖНО: u u u За избор на претседател на избирачот му се дава едно гласачко ливче. За избор на градоначалник на општина на избирачот му се дава едно гласачко ливче. За избор на членови на советот на општината на избирачот му се дава едно гласачко ливче.
u u u На територијата на градот Скопје на избирачот му се даваат и: едно гласачко ливче за избор на градоначалник на градот Скопје и едно гласачко ливче за избор на членови на советот на градот Скопје.
u u u Гласачкото ливче се откинува од кочанот по нумерички редослед, му се става печат на предната страна и дури потоа му се дава на избирачот. Информирајте го избирачот дека нема да може да добие друго гласачко ливче доколку погреши при гласањето. Избирачот ќе мора да биде внимателен и да се осигури дека неговото гласачко ливче точно го одразува неговиот избор. Исто така информирајте го избирачот дека по гласањето треба да го преклопи гласачкото ливче за да се зачува тајноста ДОКОЛКУ ЧЛЕН НА ИО НА ЕДЕН ИЗБИРАЧ МУ ИЗДАДЕ ПОВЕЌЕ ГЛАСАЧКИ ЛИВЧИЊА ЗА ИСТ ВИД ИЗБОР ЌЕ ОДГОВАРА КРИВИЧНО.
Фаза 3 - Обележување на десниот палец на избирачот u Откако на избирачот ќе му се даде гласачко ливче, на неговиот десен палец се става спреј од УВ мастило. Доколку избирачот нема десен палец, обележувањето се врши на палецот на левата рака, а доколку избирачот нема палец на двете раце, не се врши обележување. u За правилно да го обележите палецот со мастило, испрскајте го мастилото врз нокотот на десниот палец. Осигурете се дека мастилото е испрскано и врз нокотот и врз дел од кожата.
Фаза 4 Гласање зад гласачките паравани u Избирачот се упатува кон гласачките паравани за да гласа. Треба да има доволно простор и услови за тајно гласање. Еден од членовите на ИО се грижи да има само едно лице зад гласачкиот параван. Еден од член на ИО ги проверува гласачките паравани за да се осигури дека никој нема оставено пропаганден материјал или забелешки со името на некој од подносителите на листи на кандидати.
Фаза 5 Ставање на гласачкото ливче во гласачката кутија u Гласачките кутии треба да бидат ставени на место кое овозможува потполна прегледност за сите членови на ИО, овластените претставници на подносителите на листите и набљудувачите. u Избирачите ги ставаат своите гласачки ливчиња во гласачките кутии. Еден од членовите на ИО треба да биде во близина за да се осигури дека избирачите ги ставаат своите гласачки ливчиња превиткани и во соодветните гласачки кутии. u По завршеното гласање, еден член на ИО ја враќа личната карта или патната исправа.
u ЧЛЕНОВИТЕ НА ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР МОРА ДА СЕ ОСИГУРААТ ДЕКА ГЛАСАЧОТ ГО СТАВИЛ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ ВО СООДВЕТНО ОБЕЛЕЖАНАТА ГЛАСАЧКАТА КУТИЈА. u НЕ СМЕЕ ДА СЕ ДОЗВОЛИ ГЛАСАЧОТ ДА ГО НАПУШТИ ГЛАСАЧКОТО МЕСТО БЕЗ ДА ГО ОСТАВИ ГЛАСАЧКОТО ЛИВЧЕ ВО ГЛАСАЧКАТА КУТИЈА !!!
ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u u u ИО се грижи за одржување на редот и мирот на гласачкото место. Полицијата го воспоставува редот во гласачкото место само на барање на ИО. Полицијата го обезбедува редот во избирачкото место, во објектот во кој се наоѓа гласачкото место и го обезбедува приодот до гласачкото место (просторијата во која се гласа). Полицијата го обезбедува гласачкото место непрекинато почнувајќи од 06: 00 часот до 19: 00 часот. Обезбедувањето, полицијата го врши јавно, транспарентно и функционално на начин кој ќе обезбеди сигурност на избирачите. За време на гласањето, гласачките места ги обезбедува полицијата од редовниот – униформиран состав.
ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u u u ИО може да побара помош од полицијата за воспоставување ред на гласачкото место. ИО може да ја повика полицијата во просторијата каде што се гласа доколку има потреба од тоа. Претседателот или заменикот на претседателот на ИО може да ја повика полицијата заради отстранување на неовластено присутните лица во објектот и просторијата за гласање. По исклучок, ако поради спреченост, претседателот или заменикот на претседателот на ИО не можат да ја повикаат полицијата, полицијата може да ја повика и член на ИО и за тоа да ја извести ОИК. Повикувањето на полицијата се врши усно, писмено, телефонски, по факс или на друг погоден начин. Полицијата по барање на надлежен изборен орган е должна да ги отстрани овластените лица присутни на гласачкото место кои го нарушуваат редот и мирот во гласачкото место, се до негово воспоставување.
ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u u u Полицијата, по барање на надлежен изборен орган, е должна да го отстрани од гласачкото место секој член на ИО кој го нарушува редот и мирот во гласачкото место, само ако е тоа неопходно за негово воспоставување. По затворањето на гласачкото место, за време на сумирањето на резултатите полицијата го обезбедува објектот и просторијата во која е сместено гласачкото место и ИО и ги отстранува сите неовластени лица од објектот. Полицијата го обезбедува ИО до предавање на записниците и целокупниот изборен материјал на ОИК, ако е тоа побарано од страна на ИО. Полицијата не смее неповикана да влегува и да се задржува на гласачкото место. Потребата за повикување на полицијата се утврдува во Образецот во врска со потребата од повикување на полиција.
ОДРЖУВАЊЕ НА РЕДОТ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u u Никој не смее да дојде на гласачкото место вооружен, освен полицијата во случаите кога е повикана од ИО да дојде на гласачкото место. ПОВИКУВАЊЕТО НА ПОЛИЦИЈАТА СЕ ВНЕСУВА ВО ЗАПИСНИК. ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕДНАШ ЗА ТОА ЈА ИЗВЕСТУВА НАДЛЕЖНАТА ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА !!! Според член 190 од Изборниот законик, за прекршување на оваа забрана се изрекува глоба во износ од 300 до 1. 000 евра во денарска противвредност.
ГЛАСАЊЕ НА ИЗБИРАЧИ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ u u Избирач со физички недостаток или неписмен кој не може да гласа на начин утврден со законикот, има право со себе да доведе лице кое ќе му помогне при гласањето. Ако избирачот не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш ИО ќе определи друго лице од редот на присутните избирачи на гласачкото место. Избирачот и лицето кое му помага заеднички пристапуваат зад параванот за гласање. Гласачкото ливче мора да биде обележено зад гласачкиот параван. Едно лице може да даде помош само на двајца избирачи. Пред да гласа, ИО на лицето кое дава помош ќе му укаже дека со неговата помош не треба да влијае врз одлуката на избирачот. u Гласањето на овој начин, ИО го внесува во записникот и Дневникот при што се внесуваат податоците од личната карта на лицето кое помага и на забелешката се потпишуваат сите членови на ИО. u ЛИЦЕТО КОЕ ЌЕ МУ ПОМАГА НА ДРУГО ЛИЦЕ ПРИ ГЛАСАЊЕ НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ОД РЕДОТ НА ЧЛЕНОВИТЕ НА ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР, ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ПОДНОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИТЕ ИЛИ НАБЉУДУВАЧИТЕ.
u ФАМИЛИЈАРНО И ГЛАСАЊЕ ВО ИМЕ НА ДРУГ Е ЗАБРАНЕТО!!! u Во член 191 став (1) од законикот е предвидено дека со глоба во износ од 500 до 1. 500 евра во денарска противвредност ќе се казни секое лице кое ќе гласа за повеќе лица или гласа во име на
u Овластените претставници на подносителите на листите, набљудувачите и гласачите на денот на гласањето на гласачките места не смеат да користат мобилни апарати, фотоапарати или други средства за снимање на изборниот материјал, гласачите и процесот на гласање.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ПОДНОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИ И ОВЛАСТЕНИТЕ НАБЉУДУВАЧИ ЗА ВРЕМЕ НА ГЛАСАЊЕТО u u u Претставниците на подносителите на листите, доколку имаат забелешки на работата на ИО за време на гласањето, можат да укажат на неправилностите со цел да бидат отстранети. Претседателот на ИО е должен на присутните претставници на подносителите на листите ако имаат забелешки, да им овозможи да бидат евидентирани во записникот. Забелешките се внесуваат во записникот откако ќе биде завршено сумирањето на гласањето. Овие забелешки се основа во постапката за заштита на избирачкото право. Ако забелешките на претставниците на подносителите не се евидентирани во записникот, тие имаат право да ги достават до надлежната ОИК во рок од пет часа по потпишувањето на записникот. Овластените домашни набљудувачи доколку имаат забелешки на работата на ИО имаат право да ги евидентираат во дневникот на избирачкото место.
ЗАТВОРАЊЕ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО u u u Гласањето трае непрекинато од 7: 00 до 19: 00 часот. На избирачите кои во 19: 00 часот се затекнале во објектот во кој се гласа, ИО ќе им овозможи да гласаат. Во 19: 00 часот претседателот ќе определи еден член на ИО кој ќе застане на крај на редот од избирачите кои се затекнале во објектот. Кога и последниот избирач од редот ќе гласа, само овластените лица можат да останат на гласачкото место. За овластени лица на гласачкото место се сметаат: претседателот, членовите и нивните заменици на ИО; овластените претставници на подносители на листи; акредитираните домашни и странски набљудувачи; акредитираните домашни и странски новинари и медиуми. Овластени лица на гласачкото место се и: претседателот, членовите и нивните заменици на ОИК и претседателот и членовите на ДИК.
СУМИРАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО u u u ПРВА ФАЗА: ПОРАМНУВАЊЕ НА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА Откако и последниот гласач ќе гласа, ИО ги пребројува сите гласачки ливчиња. Прво се определува вкупниот бројот на избирачи што гласале преку пребројување на потписите и отпечатоците од прст во изводот од Избирачкиот список и овој број се внесува во записникот (Образец бр. 16 а, 16 б, 16 в, 16 г и 16 д). Второ се пребројуваат неупотребените гласачки ливчиња. Од вкупниот број на гласачки ливчиња доставени за тоа гласачко место се одзема бројот на неупотребените гласачки ливчиња. Резултатот од оваа операција ни го дава бројот на искористените (употребени) гласачки ливчиња во процесот на гласањето. По пребројувањето на неупотребените гласачки ливчиња, овој број се запишува во записникот, а на неупотребените гласачки ливчиња им се откинува долниот десен агол. Потоа неупотребените гласачки ливчиња се ставаат во посебен плик кој се затвора, запечатува и врз него се лепи налепница на која се запишува бројот на избирачкото место, вкупниот број на неупотребените ливчиња и сериските броеви на првото и последното неупотребено гласачко ливче.
СУМИРАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО u u u По пребројувањето на неупотребените гласачки ливчиња, овој број се запишува во записникот, а на неупотребените гласачки ливчиња им се откинува долниот десен агол. Неупотребените гласачки ливчиња се ставаат во посебен плик кој се затвора, запечатува и врз него се лепи налепница на која се запишува бројот на избирачкото место, вкупниот број на неупотребените ливчиња и сериските броеви на првото и последното неупотребено гласачко ливче. Бројот на употребените гласачки ливчиња треба да е еднаков со бројот на избирачите кои гласале. Доколку овие броеви не се еднакви, избирачкиот одбор треба да го внесе тоа во записникот и дневникот и за тоа да ја извести надлежната општинската изборна комисија.
СУМИРАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО ВТОРА ФАЗА: ОТВОРАЊЕ НА ГЛАСАЧКАТА КУТИЈА u Претседателот на ИО проверува дали нумерираните сигурносни пластични ленти на кутијата за гласање се истите со кои е запечатена гласачката кутија при отворањето на гласачкото место. На сите присутни на избирачкото место им се покажуваат нумерираните сигурносните ленти од кутијата. u Доколку броевите на нумерираните сигурносни пластични ленти се исти, тоа се внесува во дневникот, а доколку тие не се исти, согласно упатствата од Државната изборна комисија, ИО тоа го внесува во записникот и ја известува надлежната ОИК
СУМИРАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО ТРЕТА ФАЗА: БРОЕЊЕ НА ГЛАСОВИТЕ u u Откако кутијата е отворена, со ждрепка се определува еден член од ИО кој едно по едно ќе ги вади гласачките ливчиња од кутијата и отворени ќе му ги предава на претседателот на ИО. Гласачкото ливче се вади од кутијата, се отвора и отворено се дава на претседателот на ИО кој го покажува на сите присутни. ИО утврдува дали гласачкото ливче е важечко или не и за која листа е гласано. Дадениот глас се регистрира, а гласачкото ливче се става на соодветното место за таа листа и се пристапува кон вадење ново ливче. Постапката се повторува се додека сите гласачки ливчиња не бидат извадени од гласачката кутија. Кога сите гласачки ливчиња се извадени од кутијата и истите се подредени (секое ливче е во купчето на соодветната листа на кандидати), се пребројуваат гласачките ливчиња од секое подредено купче, а резултатите се внесуваат во записникот.
СУМИРАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО НА ИЗБИРАЧКОТО МЕСТО u Ако при пребројувањето на гласовите во гласачката кутија се најде и ливче од друг вид на избор, ИО ова ливче го става во соодветната гласачка кутија. u Доколку при пребројувањето ИО во гласачката кутија најде гласачко ливче од друг вид избор, за кој што не се сумирани резултатите, тоа гласачко ливче го става во соодветната гласачка кутија. u Доколку при пребројувањето ИО во гласачката кутија најде гласачко ливче од друг вид избор, за кој што се сумирани резултатите, тогаш ИО ќе направи корекција во соодветниот записник, согласно упатството.
Важечко гласачко ливче u u Гласачкото ливче е важечко ако е во согласност со член 110 од Изборниот законик. За важечко гласачко ливче се смета и она гласачко ливче од кое на сигурен и недвосмислен начин може да се утврди за која листа на кандидати избирачот гласал. При утврдувањето на тоа што претставува „сигурен и недвосмислен начин„ треба да се појде од тоа на кој начин е пополнето гласачкото ливче, односно дали избирачот јасно ја изразил волјата дека гласал само за една листа на кандидати или кандидат. Сигурен и недвосмислен начин на изразување на волјата на избирачите би претставувало гласачко ливче на кое избирачот, наместо редниот број пред подносителот на листата, го заокружил името и презимето на носителот на листата или симболот на подносителот на листата или го заокружил, обележал или на друг соодветен начин се определил за подносителот на листата доколку обележувањето е во рамките на една листа на кандидати или кандидат.
Неважечко гласачко ливче Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе листи на кандидати или кандидат. u Гласачкото ливче е неважечко ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната страна. u
u Доколку гласачкото ливче се смета за неважечко а некој овластен претставник или член на ИО усно приговори на тоа, одборот гласа и одлучува во врска со оваа забелешка која се забележува во записникот. Претседателот, на задната страна на гласачкото ливче, го запишува бројот кој го означува релевантниот број во записникот каде што се укажани деталите во врска со одлуката и приговорот. Доколку и понатаму има приговори, секој член или претставник може да го внесе својот приговор во записникот.
СУМИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ u u u u ИО прво ги сумира резултатите од гласањето за избор на претседател на Републиката. Во записникот (Образец бр. 16 -A) се внесуваат следните податоци: редниот број на избирачкото место; бројот на решението за формирање на избирачкиот одбор; времето на започнувањето и на заклучувањето на гласањето; вкупниот број на избирачи во избирачкото место според изводот од Избирачкиот список; вкупниот број на избирачи кои гласаат еден претходно (во овој број не се сметаат гласовите на болните и немоќните лица) вкупниот број на избирачи кои гласале; вкупниот број на гласачки ливчиња ставени во гласачката кутија; вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња ; вкупниот број гласови кои ги добила секоја листа на кандидат за претседател одделно. Записникот содржи посебен табеларен дел за сумирањето и утврдувањето на резултатите од избирачкото место.
u u ИО по завршувањето на гласањето прво ги сумира резултатите од гласањето за претседател на Републиката. Потоа составува записник за гласањето (Образец бр. 16 -A) во кој ги внесува сумираните резултати. Карбонизиран записник добиваат овластените претставници на подносителите на листата на кандидат по потпишувањето на оригиналниот записник, а набљудувачите добиваат копија од табеларниот дел на записникот. Најдоцна во рок од 5 часа по завршувањето на гласањето, записникот со целокупниот изборен материјал го доставува до надлежната ОИК (транспортните вреќи со гласачките ливчиња, записниците за гласањето, дневникот за евиденција на настани, потпишаните изводи од избирачкиот список и другиот изборен материјал). Изборниот материјал до ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на избирачкиот одбор, или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.
СУМИРАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО ЗА ИЗБОР НА ГРАДОНАЧАЛНИК u u u u По завршеното сумирање на резултатите од гласањето по листите на кандидат за претседател на Републиката и составувањето на записникот, ИО преминува кон сумирање и утврдување на резултатите од гласањето по листите на кандидат за градоначалник. Во записникот (Образец бр. 16 -Б) се внесуваат следните податоци: редниот број на избирачкото место; бројот на решението за формирање на избирачкиот одбор; времето на започнувањето и на заклучувањето на гласањето; вкупниот број на избирачи во избирачкото место според изводот од Избирачкиот список; вкупниот број на избирачи кои гласаат еден претходно (во овој број не се сметаат гласовите на болните и немоќните лица) вкупниот број на избирачи кои гласале; вкупниот број на гласачки ливчиња ставени во гласачката кутија; вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња ; вкупниот број гласови кои ги добила секоја листа на кандидат за градоначалник одделно. Записникот содржи посебен табеларен дел за сумирањето и утврдувањето на резултатите од избирачкото место.
u u u ИО, по сумирање на резултатите од гласањето по листата на кандидат за претседател на Републиката, пристапува кон сумирање на резултатите од гласањето по листите на кандидат за градоначалник на општината. Потоа составува записник за гласањето (Образец бр. 16 Б) во кој ги внесува сумираните резултати. Карбонизиран записник добиваат овластените претставници на подносителите на листата на кандидат по потпишувањето на оригиналниот записник, а набљудувачите добиваат копија од табеларниот дел на записникот. Изборниот материјал и од ова гласање, до ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на ИО, или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.
СУМИРАЊЕ И УТВРДУВАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ u u u u По завршеното сумирање на резултатите од гласањето по листите на кандидат за градоначалник на општината и составувањето на записникот, ИО преминува кон сумирање и утврдување на резултатите од гласањето по листите на кандидати за членови на советот на општината. Во записникот (Образец бр. 16 -Г) се внесуваат следните податоци: редниот број на избирачкото место; бројот на решението за формирање на избирачкиот одбор; времето на започнувањето и на заклучувањето на гласањето; вкупниот број на избирачи во избирачкото место според изводот од Избирачкиот список; вкупниот број на избирачи кои гласаат еден претходно (во овој број не се сметаат гласовите на болните и немоќните лица) вкупниот број на избирачи кои гласале; вкупниот број на гласачки ливчиња ставени во гласачката кутија; вкупниот број на неупотребени гласачки ливчиња вкупниот број на неважечки гласачки ливчиња ; вкупниот број гласови кои ги добила секоја листа на кандидати одделно. Записникот содржи посебен табеларен дел за сумирањето и утврдувањето на резултатите од избирачкото место.
u ИО, по сумирање на резултатите од гласањето по листата на кандидат за градоначалник на општината, пристапува кон сумирање на резултатите од гласањето по листите на кандидати за членови на советот на општината. Потоа составува записник за гласањето (Образец бр. 16 -Г) во кој ги внесува сумираните резултати. u Карбонизиран записник добиваат овластените претставници на подносителите на листата на кандидат по потпишувањето на оригиналниот записник, а набљудувачите добиваат копија од табеларниот дел на записникот. u Изборниот материјал и од ова гласање, до ОИК го доставува претседателот на ИО во придружба на заинтересирани членови на ИО, или претставници на подносителите на листите и претставници од полицијата, ако за тоа има потреба.
ВАЖНО: u ИО на територијата на градот Скопје резултатите од гласањето ги сумираат по следниот редослед: u 1) Ги сумираат резултатите од гласањето за претседател на Републиката – Образец бр. 16 -А u 2) Ги сумираат резултатите од гласањето за градоначалник на градот Скопје – Образец бр. 16 -В u 3) Ги сумираат резултатите од гласањето за членови на совет на градот Скопје – Образец бр. 16 -Д u 4) Ги сумираат резултатите од гласањето за избор на градоначалник на општината – Образец бр. 16 -Б и u 5) Ги сумираат резултатите од гласањето за членови на совет на општината – Образец бр. 16 -Г.
ПАКУВАЊЕ НА МАТЕРИЈАЛИТЕ ЗА ДОСТАВУВАЊЕ ДО ОИК u ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА СИТЕ ДЕЈСТВИЈА ОД СУМИРАЊЕТО НА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ГЛАСАЊЕТО И КОМПЛЕТИРАЊЕТО НА ЗАПИСНИЦИТЕ ЗА СУМИРАЊЕ НА РЕЗУЛТАТИТЕ, ИО ПРЕМИНУВА КОН ПАКУВАЊЕ НА ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ЗА ДА ГО ДОСТАВИ ДО ОИК. u ОРИГИНАЛНИТЕ ЗАПИСНИЦИ ОД СУМИРАЊЕТО НА РЕЗУЛТАТИТЕ, НЕ СЕ ПАКУВААТ СО ДРУГИОТ ИЗБОРЕН МАТЕРИЈАЛ. ТИЕ СЕ ДОСТАВУВААТ ДО НАДЕЛЖНАТА ОИК ВО ПОСЕБЕН ПЛИК. u ИО, ПЕЧАТОТ СО БРОЈОТ НА ГЛАСАЧКОТО МЕСТО ГО ПРЕДАВА НА РАКА НА ОВЛАСТЕНОТО ЛИЦЕ ОД ОИК.
Пакување на материјалите од гласањето за претседател u u Во проѕирна пластична вреќа за транспорт на доверлив изборен материјал со лепенка на која е напишано името на општината, избор за претседател на Републиката и гласачкото место се пакува: Запечатениот плик во кој претходно се ставени употребените гласачки ливчиња од овој вид избори (важечки и неважечки); Запечатениот плик со неискористени гласачки ливчиња и кочаните од овој вид избори; ЗАПЕЧАТЕНИОТ ПЛИК СО ИЗВОДОТ ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК И ДНЕВНИКОТ;
Пакување на материјалите од гласањето за градоначалник на општина u u Во проѕирна пластична вреќа за транспорт на доверлив изборен материјал со лепенка на која е напишано името на општината, избор за градоначалник на општината и гласачкото место се пакува: Запечатениот плик во кој претходно се ставени употребените гласачки ливчиња од овој вид избори (важечки и неважечки); Запечатениот плик со неискористени гласачки ливчиња и кочаните од овој вид избори; ЗАПЕЧАТЕНИОТ ПЛИК СО ИЗВОДОТ ОД ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК ЗА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ;
Пакување на материјалите од гласањето за советот на општина u Во проѕирна пластична вреќа за транспорт на доверлив изборен материјал со лепенка на која е напишано името на општината, избор за членови нас советот на општината и гласачкото место се пакува: u Запечатениот плик во кој претходно се ставени употребените гласачки ливчиња од овој вид избори (важечки и неважечки); u Запечатениот плик со неискористени гласачки ливчиња и кочаните од овој вид избори;
Избирачките одбори на територијата на градот Скопје ги пакуваат и следниве материјали: u Во една проѕирна пластична вреќа за транспорт на доверлив изборен материјал со лепенка на која е напишано името на градот Скопје, избор за градоначалник на градот Скопје и гласачкото место се пакува: u Запечатениот плик во кој претходно се ставени употребените гласачки ливчиња од овој вид избори (важечки и неважечки); u Запечатениот плик со неискористени гласачки ливчиња и кочаните од овој вид избори; u Во друга проѕирна пластична вреќа за транспорт на доверлив изборен материјал со лепенка на која е напишано името на градот Скопје, избор за членови на советот на градот Скопје и гласачкото место се пакува: u Запечатениот плик во кој претходно се ставени употребените гласачки ливчиња од овој вид избори (важечки и неважечки); u Запечатениот плик со неискористени гласачки ливчиња и кочаните од овој вид избори;
Пакување на недоверлив изборен материјал u Во останатата проѕирна вреќа ИО го пакува недоверливиот изборен материјал. u Гласачката кутија исто така се враќа во општинската изборна комисија. u УВ ламбата и печатот со број на избирачкото место се даваат на рака на надлежната ОИК.
u ИО НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ГРАДОТ СКОПЈЕ ЦЕЛОКУПНИОТ ДОВЕРЛИВ И НЕДОВЕРЛИВ ИЗБОРЕН МАТЕРИЈАЛ ГО ДОСТАВУВА САМО ДО НАДЛЕЖАНАТА ОИК u ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ОД ГЛАСАЊЕТО, ДО ОИК ГО ДОСТАВУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИО ВО ПРИДРУЖБА НА ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЧЛЕНОВИ НА ИО, ИЛИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА ПОДНОСИТЕЛИТЕ НА ЛИСТИТЕ. u ПОЛИЦИЈАТА ГО ОБЕЗБЕДУВА ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР ДО ПРЕДАВАЊЕТО НА ЗАПИСНИЦИТЕ И ИЗБОРНИОТ МАТЕРИЈАЛ ДО ОПШТИНСКАТА ИЗБОРНА КОМИСИЈА АКО ТОА Е ПОБАРАНО ОД СТРАНА НА ИЗБИРАЧКИОТ ОДБОР.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ НА ВНИМАНИЕТО ДРЖАВНА ИЗБОРНА КОМИСИЈА
e9a82337dfd44b2080396de9b3d0662d.ppt