Скачать презентацию АКТУЕЛНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ГАБРИЕЛА Скачать презентацию АКТУЕЛНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ГАБРИЕЛА

08cac3601843dec077485cdb25951191.ppt

  • Количество слайдов: 31

АКТУЕЛНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ГАБРИЕЛА ПАПЕШ БИРО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ АКТУЕЛНИ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ ГАБРИЕЛА ПАПЕШ БИРО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Законот за јавните набавки во 2015 година претрпе ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИТЕ НАБАВКИ Законот за јавните набавки во 2015 година претрпе две измени и дополнувања (објавени во „Службен весник на РМ“ бр. 78/15 и 192/15), a во 2016 год. имаше уште две измени и дополнувања („Службен весник на РМ“ бр. 27/16 и 120/16) и сите одредби се веќе во сила Направените измени во најголем дел се однесуваат на дополнување на ЗЈН од аспект на начинот на работа и надлежностите на Советот за јавни набавки

СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИПРАВНО ЛИЦЕ Согласно со член 15 од Законот за изменување и СОВЕТОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИПРАВНО ЛИЦЕ Согласно со член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 192/14), почнувајќи од 01. 2016 година, Советот стана самостоен државен орган со својство на правно лице. Со овие измени и за Советот и за Бирото за јавни набавки остануваат главно истите законски надлежности имајќи предвид дека ни досега немаше нивно преклопување. Но, Советот добива и проширени надлежности како на пр. обврската за обуки на стручните лица.

ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС. . . член 99 став 1 точка ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС. . . член 99 став 1 точка 4: Договорниот орган може да спроведе постапка со преговарање без претходно објавување на оглас во следниве случаи: 4) За набавка на непредвидени работи, како и дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов договорот да му се додели на изведувачот на работите или давателот на услугите од основниот договор кога: - Таквите работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган или - Таквите работи или услуги, иако можат да се одделат од извршувањето на основниот договор, се неопходни за неговото завршување.

ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС. . . член 99 став: (2) Вкупната ПОСТАПКА СО ПРЕГОВАРАЊЕ БЕЗ ОБЈАВУВАЊЕ НА ОГЛАС. . . член 99 став: (2) Вкупната вредност на дополните работи, непредвидените работи и вишоците на работи или на дополните услуги од ставот (1) точка 4) на овој член не смее да надмине 30% од вредноста на основниот договор. (3) Во случаите од ставот (1) точка 1) алинеи 1 и 3 и точка 4) од овој член, договорниот орган ја започнува постапката со преговарање без претходно објавување на оглас само по добивање на претходна согласност од Советот, освен за непредвидените работи за кои не се бара претходна согласност од Советот.

Непредвидени работи: 1. Дали треба да се бара согласност од Советот? 2. Дали треба Непредвидени работи: 1. Дали треба да се бара согласност од Советот? 2. Дали треба да се спроведе нова постапка за доделување на договор за јавна набавка или може да се реши со анекс на договор? Дополнителни услуги: 1. Дали треба да се бара согласност од Советот за јавни набавки?

(8) Доколку при изведување на работите се јават кусоци и/или вишоци на работи, договорниот (8) Доколку при изведување на работите се јават кусоци и/или вишоци на работи, договорниот орган, по добивање на времената ситуација изготвена од страна на изведувачот и потврдена од страна на надзорниот инженер, склучува анекс на договорот за јавна набавка на работи со кој се уредуваат кусоците и/или вишоците на работи. Оттука, за непредвидени и дополнителни работи договорниот орган спроведува постапка за доделување на договор за јавна набавка, а за кусоци и вишоци склучува анекс на договор за јавна набавка на работи.

Дали договорниот орган задолжително мора да му објави негативна референца на економскиот оператор чија Дали договорниот орган задолжително мора да му објави негативна референца на економскиот оператор чија понуда е оценета за најповолна, а не доставил документи за потврдување на неговата лична состојба во постапката со барање за прибирање на понуди до 5. 000 евра согласно со Законот за јавните набавки!!?

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ Член 102 став (7) Ако економскиот оператор не ги БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ Член 102 став (7) Ако економскиот оператор не ги достави документите од ставот (5) на овој член во рокот утврден од страна на комисијата за јавна набавка, или истите се невалидни или несоодветни за утврдување на личната состојба, ќе се смета дека понудувачот ја повлекол својата понуда што резултира со издавање негативна референца, а комисијата за јавна набавка го поканува наредниот рангиран економски оператор или дава предлог за поништување на постапката.

ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА Член 129 став (3) . . Изјавата за независна понуда ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА Член 129 став (3) . . Изјавата за независна понуда ја потпишува исклучиво одговорното лице!!! „Изјавата за независна понуда“ ја потпишува исклучиво одговорното лице, се доставува заедно со понудата во секоја постапка одделно и не може дополнително да се достави по истекот на рокот за поднесување на понудите.

Кај група економски оператори кој ја потпишува: 1. Изјавата за независна понуда? 2. Изјавата Кај група економски оператори кој ја потпишува: 1. Изјавата за независна понуда? 2. Изјавата за сериозност на понудата?

ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА Во случај на група економски оператори, изјава за независна понуда ИЗЈАВА ЗА НЕЗАВИСНА ПОНУДА Во случај на група економски оператори, изјава за независна понуда треба да поднесат сите членови на групата.

ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ Имајќи предвид дека согласно со член 47 став 1 од законот, ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ Имајќи предвид дека согласно со член 47 став 1 од законот, договорниот орган може да бара гаранција на понудата во вид на банкарска гаранција или депонирани средства, а во спротивно задолжително бара изјава за сериозност на понудата и тоа задолжително го наведува во тендерската документација, во случаите кога се бара Изјава за сериозност на понудата, Договорот за поднесување на групна понуда треба да содржи податок за членот на групата кој во име на групата ќе ја поднесе изјавата за сериозност на понудата.

ДОКУМЕНТАЦИИ - ПРАВО НА УЧЕСТВО При поднесување на групна понуда, носителот на групата треба ДОКУМЕНТАЦИИ - ПРАВО НА УЧЕСТВО При поднесување на групна понуда, носителот на групата треба да биде регистриран на ЕСЈН. Доколку некој од членовите на групата не е регистриран на ЕСЈН, понудата не треба да се отфрли како неприфатлива. Доколку членовите на групата не поседуваат дигитален сертификат, потребните изјави и документацијата која тие ја изготвуваат и потпишуваат може да биде своерачно потпишана и доставена во скенирана електронска форма. Носителот на групата задолжително ги потпишува со дигитален сертификат: понудата, потребните изјави и целокупната документација која самиот ја изготвува и потпишува.

ДОКУМЕНТАЦИИ - ПРАВО НА УЧЕСТВО Ако треба да се издаде негативна референца на групата ДОКУМЕНТАЦИИ - ПРАВО НА УЧЕСТВО Ако треба да се издаде негативна референца на групата понудувачи, а некој од членовите не е регистриран на ЕСЈН, ДО ќе ги регистрира на ЕСЈН истите врз основа на доставените податоци од понудата, а потоа ќе ја објави негативната референца за сите членови. Тоа значи дека и ЕО кој не е регистриран, а учестувал во постапка заедно со група на понудувачи ќе добие негативна референца.

ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ. . член 140 став (2) Комисијата, пред да пристапи кон евалуација ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ. . член 140 став (2) Комисијата, пред да пристапи кон евалуација на понудите, задолжително проверува дали е објавена негативна референца на понудувачите до истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, што соодветно го документира како дел од досието на постапката. Комисијата ја проверува валидноста и комплетноста на документацијата за утврдување на способност само на понудувачите за кои не е објавена негативна референца и тоа во рок од пет работни дена од крајниот рок за поднесување на понудите, односно десет работни дена кај набавките со проценета вредност над еден милион евра во денарска противвредност без вклучен ДДВ.

ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ. . член 140 став (3) Врз основа на член 140 став ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ. . член 140 став (3) Врз основа на член 140 став 3 од Законот за јавните набавки прецизно е наведено дека може да се бара дополнување/објаснување само на документите со кои се докажува исполнување на некој од критериумите за утврдување на способност. На пр. Комисијата не би можела да побара од понудувачите дополнување на понуда со овластување за потпишување документи. Овластувањето за потпишување документи треба да биде доставено во прилог на самата понуда при што не е дозволено да се вршат никакви други промени на истата.

ТЕХНИЧКА И ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ Член 154 став (1) Техничката и професионалната способност на економскиот ТЕХНИЧКА И ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ Член 154 став (1) Техничката и професионалната способност на економскиот оператор можат да бидат поддржани од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект, освен во делот на референтната листа и претходно склучените договори. * Тука се избришаа зборовите „и на лиценците“, од причина што лиценците се дел од способноста за вршење на професионална дејност.

ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ Член 198 став (1) алинеја 9: (1) При ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ Член 198 став (1) алинеја 9: (1) При доделување на секторски договор, договорниот орган може да спроведе постапка со преговарање без претходно објавување на оглас во следниве случаи: - за договор за јавна набавка на непредвидени работи, како и дополнителни работи или услуги кои не се вклучени во основниот договор, а кои поради непредвидени околности се нужни, под услов склучувањето на договорот да се изврши со носителот на набавката од основниот договор кога: а) таквите работи или услуги не можат да бидат технички или економски одделени од основниот договор без поголеми проблеми за договорниот орган или б) таквите работи или услуги, иако можат да се одделат од извршувањето на основниот договор, се неопходни за неговото завршување.

ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ (2) Вкупната вредност на дополните работи, непредвидените работи ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ (2) Вкупната вредност на дополните работи, непредвидените работи и вишоците на работи или на дополните услуги од ставот (1) алинеја 9 на овој член не смее да надмине 30% од вредноста на основниот договор.

ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ (3) Во случаите од ставот (1) алинеи 1, ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ (3) Во случаите од ставот (1) алинеи 1, 4 и 9 од овој член договорниот орган ја започнува постапката со преговарање без претходно објавување на оглас само по добивање на претходна согласност од Советот, освен за непредвидените работи за кои не се бара претходна согласност од Советот.

ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ (6) Доколку при изведување на работите се јават ПОСТАПКИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СЕКТОРСКИ ДОГОВОРИ (6) Доколку при изведување на работите се јават кусоци и/или вишоци на работи, договорниот орган, по добивање на времената ситуација изготвена од страна на изведувачот и потврдена од страна на надзорниот инженер, склучува анекс на договорот за јавна набавка на работи со кој се уредуваат кусоците и/или вишоците на работи.

ЧЛЕН 13 ОД ЗЈН „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“ БР. 78/15 Договорниот орган е должен ЧЛЕН 13 ОД ЗЈН „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“ БР. 78/15 Договорниот орган е должен да ги спроведува отворената постапка, ограничената постапка и постапката со барање за прибирање на понуди со користење електронски средства преку ЕСЈН и тоа: во најмалку 30% од објавените огласи од 1 јануари 2016 година, во најмалку 50% од објавените огласи од 1 јануари 2017 година и во 100% од објавените огласи од 1 јануари 2018 година.

ЗЈН „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“ БР. 27/16 Се олесни набавката на адвокатските услуги за ЗЈН „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“ БР. 27/16 Се олесни набавката на адвокатските услуги за договорните органи, а воедно ќе претставува и усогласување со решенијата во новите директиви на Европската унија за јавни набавки од 2014 година, според кои овој вид на услуги, се исклучени од примена. Нотарските и услугите за извршители за кои има тарифници и кои се слични со адвокатските услуги, веќе се исклучок од примена на законот (член 8 од законот)

ЗЈН „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“ БР. 120/16 Новиот член 10 -б, се однесува на ЗЈН „СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ“ БР. 120/16 Новиот член 10 -б, се однесува на договорите што се склучуваат помеѓу општините во рамки на меѓуопштинската соработка која е уредена со Законот за меѓуопштинска соработка. И овој исклучок претставува усогласување со веќе постоечко законско решение, а со истиот се овозможува искористување на набавките на општините како договорни органи од други договорни органи кои вршат исти надлежности, ќе се намалат непотребните формалности и ќе се олесни работењето на општините во Република Македонија при задоволување на дел од нивните потреби.

НАЈНОВИ ПРЕПОРАКИ ДО ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ДО од 01. 2016 год. да ги објавуваат НАЈНОВИ ПРЕПОРАКИ ДО ДОГОВОРНИТЕ ОРГАНИ - ДО од 01. 2016 год. да ги објавуваат на своите веб – страни, следните податоци: План за јавни набавки и измените и дополнувањата на Планот во текот на годината; Поставување линк до огласот објавен на ЕСЈН; Поставување линк до известувањето за склучен договор на ЕСЈН и Пополнување на известување за реализиран договор на ЕСЈН и поставување на линк за пристап до истото.

ПЛАНОВИ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Анализа на усогласеноста на постојниот ПЛАНОВИ ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПРАВНАТА РАМКА ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Анализа на усогласеноста на постојниот закон со правото и праксата на ЕУ и нов Предлог Закон за јавните набавки усогласен со директивите 2014/24/ЕУ и 2014/25/ЕУ како и Директивата за правни лекови 2007/66/ЕЗ до крајот на 2017 или првата половина на 2018 година. Ќе се донесе и нов Закон за јавни набавки во областа на одбраната и безбедноста кој ќе се усогласи со Директивата за набавки во одбраната и безбедноста 2009/81/EЗ.

НЕКОИ ПРАШАЊА НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ Прашање Одговор Спроведовме БПП за набавка на софтвер. Во НЕКОИ ПРАШАЊА НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ Прашање Одговор Спроведовме БПП за набавка на софтвер. Во ТД во дел 10. 3 Гаранција на понудата, од економските оператори е побарана гаранција за учество во износ од 3% од вкупната вредност на понудата без ДДВ. Еден од понудувачите наместо банкарска гаранција депонирал средства на наша сметка. Комисијата се изјасни дека не ја прифаќа таква гаранција и дека требало да достави банкарска гаранција. Дали во конкретниов случај, а имајќи го предвид бараното во ТД оваа понуда треба да се отфрли како неприфатлива? Гаранција на понудата претставува повратни средства кои ги плаќаат понудувачите како гаранција дека ако бидат избрани ќе пристапат кон потпишување на договорот. Доколку, договорниот орган бара гаранција на понудата истата ја наведува во тендерската документација, како и видот на истата. Ако ДО барал гаранција во вид на банкарска гаранција тогаш ЕО се должни заедно со понудата да достават и банкарска гаранција на бараниот износ.

НЕКОИ ПРАШАЊА НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ Прашање Одговор По спроведено БПП, на предложениот најповолен понудувач НЕКОИ ПРАШАЊА НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ Прашање Одговор По спроведено БПП, на предложениот најповолен понудувач му е даден определен рок за да ги достави документите за лична состојба. Од страна на понудувачот известени сме дека ги има сите документи освен документот кој го издава УЈП (за платени даноци и придонеси). Во постапкава добиена е само понуда од овој понудувач и при тоа истата е прифатлива за нас. Дали може да го продолжиме рокот за достава на овој документ или треба да му издадеме негативна референца, а постапката да ја поништиме? Една од основните цели на БПП, е упростување на постапката и намалување на трошоците на кои се изложени понудувачите, со цел зголемување на конкуренцијата. Затоа ЕО има право да достави документи за утврдување на личната состојба кои се со датум по јавното отворање на понудите (дополнително да ги извади потребните документи кога веќе знае дека ќе го добие договорот). Во случај кога одреден документ не може да достави во определениот рок (не по негова вина), не треба да се издаде негативна референца.

НЕКОИ ПРАШАЊА НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ Прашање Одговор Дали може да биде поддржан понудувач од НЕКОИ ПРАШАЊА НА ЕКОНОМСКИТЕ ОПЕРАТОРИ Прашање Одговор Дали може да биде поддржан понудувач од друг субјект ако не ги исполнува поставените минимални услови за утврдување на техничката и професионална способност. На пример, барани се 4 инженери, а понудувачот има само 2. Дали во конкретниов случај треба да приложи договор за наем на работници или може да приложи само Изјава за поддршка? ЕО не мора сам да ги исполнува сите барани услови од техничката или професионалната способност. Тој може да се потпре на ресурсите на друг субјект, под услов тие ресурси да се достапни во текот на реализацијата на договорот. ЕО мора да има доказ за достапноста на тие ресурси. ДО во ТД треба да наведе каков конкретен доказ (на пр. , изјава од другиот субјект, или договор) бара, Доколку не го дефинирал, должен е да прифати било каков доказ доставен од ЕО, врз основа на кој може да ја утврди достапноста до бараните ресурси.

ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО ! КОНТАКТ: 02/3255 -711 ВИ БЛАГОДАРАМ ЗА ВНИМАНИЕТО ! КОНТАКТ: 02/3255 -711